логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Општата деградација на квалитетот на вистинитото информирање преку интернет, како и дезинформациите и шпекулациите, можат да се надминат со повисок степен на медиумска писменост.

Македонската медиумска онлајн средина се развива со силно темпо. За пристап до интернет најчесто се користи паметниот телефон, и тоа најмногу од луѓе на возраст од 15 до 24 години. Сепак, во Македонија не постои сеопфатно следење на интернет сообраќајот на медиумите, па за да се привлече публика и да се заработи, се отвораат портали кои нудат содржини без да се придржуваат до новинарските стандарди и етика.

 

Веќе подолго време е присутна дилемата дали интернетот ќе ги замени сите други видови на информирање. Поради слободниот пристап, гледачите и читателите се повеќе сакаат да се информираат преку интернетот. Популарноста на интернетот ги принуди и традиционалните медиуми (ТВ, радио и весниците) преку своите интернет изданија да се обидат да ја одржат доминацијата во информирањето, пред се, потпирајќи се на професионалното известување кое подразбира придржување до новинарските стандарди и етика при известувањето како и високиот степен на мултимедијалност и застапеност на видео материјал, фотографии, анкети и двонасочна комуникација со публиката.

Кој што ѝ нуди на публикатаПостојат голем број интернет страници и сајтови популарно наречени портали кои се обидувааат да информираат и тоа го прават со преземање на вести и информации од различни сервиси на новинските агенции, па дури и со препишување од други интернет страници како и од веб изданијата на традиционалните медиуми. Вести емитуваат и обичните граѓани или т.н. граѓански новинари, искористувајќи ги своите видео снимки или фотографии направени со паметните телефони. Често пати овие интернет платформи успеваат да постигнат голема гледаност или посетеност поради ексклузивноста на споделеното, пред се, мултимедијалниот запис.Од друга страна, информирањето на посетителите на веб страницата најчесто содржи кратка информација од неколку реда, една или повеќе фотографии и видео содржина. Во ваквите интернет платформи и нема многу новинари професионалци туку луѓе кои имаат време и можности да се занимаваат со објавување информации, а истовремено да заработат од реклами за своите портали.Се разбира, постојат и интернет страници-портали во Македонија во чиј импресум се забележуваат имињата на новинари и кои секојдневното информирање го прават преку сопствената продукција на вести и информации.На интернет просторот има и сајтови кои нудат исклучиво дезинформации или измислени информации, шпекулации или т.н. кромид вести. Неколку сајтови од Велес кои објавувале лажни вести дури постигнаа светска слава со своите информации за претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон при последните избори во САД. Се смета дека публиката во САД ги земала предвид овие информации насочени кон оцрнување на Клинтон и тие влијаеле да победи Трамп. Поради ваквите сајтови се доведува во прашање општата вредност на информирањето преку социјалните мрежи или интернет страниците со сомнителни содржини насочени кон дезинформирање или користење шпекулации и манипулативни вести.


Традиционалните медиуми и нивната понуда на интернет

Речиси да нема телевизија, радио или весник кои немаат своја веб страница. Новинари и технички кадар работат исклучиво за веб сајтовите на овие медиуми. Дел од нив силно се обидуваат да се наметнат кај интернет публиката токму преку своите сајтови каде ги пласираат истите содржини од стандардната платформа, па дури и повеќе. При известување од настан или информирање за одредена општествена состојба, новинарите од информативните редакции на традиционалните медиуми и на интернет страниците се обидуваат да изработат текст или аудиовизуелна содржина која ќе содржи поголем број информации, со што нудат продлабочен облик на известување.Професионалното новинарство подразбира обезбедување повеќе општи информации и податоци, но и ставови, од засегнати страни, ескпертски мислења со крајна цел целосно, правовремено, непристрастно, вистинито информирање на пошироката публика. Презентерите не телевизиските вести често ги повикуваат гледачите да погледаат повеќе прилози и информации на нивните интернет страници како и на профилите на социјалните мрежи.За одбележување се и примерите на неколку радија во Македонија. Тие – (Радио Слободна Европа, Канал 77) имаат свои интернет страници кои се мултимедијални во вистинска смисла на зборот. Покрај редовната радио програма или вести, на интернет страниците големо внимание посветуваат на видео содржините, фотографиите, интерактивните анкети, повратните мислења од публиката на која ѝ е овозможено коментирање на страниците и слично. ТВ, видео и фотографските галерии се посебни секции на сајтовите на овие радија. Секако, имаат и профили на социјалните мрежи - Фејсбук, Твитер, Линкедин, Јутјуб, Инстаграм, потоа посебни блогови и РСС-фидови (врски со содржината).


Интернетот достапен до речиси секој дом и институција

Анализата Македонија во дигиталната ера - меѓу правата и обврските при комуницирањето на интернет укажува дека интернетот и медиумската онлајн средина се развиваат со силно темпо. Причините се лесно достапниот широкопојасен-брз интернет, евтината технологија и добрата инфраструктура за интернет комуникација. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, 75,3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства е зголемено од 69 отсто во 2015 година на 74,7 отсто во 2016 година. Речиси сите (99,2 отсто) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Податоци од Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент интернетот го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81 отсто од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (92 отсто). Во овој период 77 проценти од корисниците на интернет употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.

Според МАРНет (Македонската академска истражувачка мрежа), овластена установа за регистрација на домени во Македонија, на крајот на ноевмри 2016 се бележат 26.611 вкупно регистрирани домени на интернет страници. (За споредба, во ноември 2015 бројката е 23.937).44

Во Македонија нема регулација или сеопфатно следење на интернет сообраќајот на медиумите. Сепак одредени показатели укажуваат на тоа колку е важна и целисходна присутноста на интернет просторот како на традиционалните медиуми така и на веб генерираните медиуми-портали. Светскиот сервис за посетеност на веб страниците Алекса објавува информации според податоци за просек во текот на три месеци. Податоците се добиваат на два начини - преку инсталација на Toolbar во прелистувачот на корисникот, кој ги следи адресите кои истиот ги посетува, и ги праќа до серверите на Alexa, и со поставување на скрипта на страниците на веб сајтовите која при секое посетување на страницата праќа информации до серверите на Alexa. Во последните објавени информации во Македонија најчесто се отвора глобалниот пребарувач Гугл (Google) и видео сервисот Јутјуб (You Tube), па на третото место доаѓа сајт за огласување од Македонија. Првиот информативен портал е на петтото место со 66.184 дневни прегледи на сајтот, 192.571 месечни посети и 902.872 посети на една од веб страниците на сајтот. Веб страницата time.mk која претставува агрегатор, извор на вести има објавено дека според податоците на Гугл аналитикс (Google Analytics) има за еден месец 7.895.462 посети или 689.383 посетители.

На интернет страниците се поставуваат ценовници за маркетинг односно закуп на простор што укажува на вредноста која сопствениците може да ја достигнат односно заработат ако се пресметаат посетите и цените.


Битка и војна за интернетот

Доколку денес се води битка на медиумите кој ќе привлече повеќе публика на интернет, во иднина несомнено ќе се води вистинска војна, не само за добивање повеќе посетители-следбеници, туку и за поголема заработка. Оние медиуми кои ќе успеат преку своите интернет сајтови да стекнат значително поголем број посетители ќе имаат можност да наплатат многу повеќе од рекламната индустрија. Прво, тоа претставува позитивна насока за развој на медиумите, а второ и силна основа во иднина да се подобруваат условите за работа на вработените - новинарите и техничкиот кадар. Со оглед на пристапноста на интернетот и понатаму ќе продолжи практиката на појава или одржување сајтови кои ќе нудат содржина без новинарска етика и стандарди со единствена причина - привлекување публика и заработка.

Општата деградација на квалитетот на вистинитото информирање преку интернет, како и дезинформациите и шпекулациите, можат да се надминат односно да се препознаат со повисок степен на медиумска писменост. Во медиумскиот и образовниот систем засега медиумската писменост е сосема малку застапена, но за нејзината потреба се` повеќе се говори и се работи на создавање повисока свесност и информираност на граѓаните, пред се, кај помладата популација. Така, тие полесно ќе можат да направат вистински избор при информирањето преку различните видови на интернет медиумите.

Александар Самарџиев

(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica.

http://www.mkd.mk/kolumni/site-mediumi-vo-makedonija-vo-bitka-za-povekje-publika-na-internet

 

Оригиналната објава можете да ја прочитате тука)

 

 

Веќе подолго време е присутна дилемата дали интернетот ќе ги замени сите други видови на информирање. Поради слободниот пристап, гледачите и читателите се повеќе сакаат да се информираат преку интернетот. Популарноста на интернетот ги принуди и традиционалните медиуми (ТВ, радио и весниците) преку своите интернет изданија да се обидат да ја одржат доминацијата во информирањето, пред се, потпирајќи се на професионалното известување кое подразбира придржување до новинарските стандарди и етика при известувањето како и високиот степен на мултимедијалност и застапеност на видео материјал, фотографии, анкети и двонасочна комуникација со публиката.

Кој што ѝ нуди на публикатаПостојат голем број интернет страници и сајтови популарно наречени портали кои се обидувааат да информираат и тоа го прават со преземање на вести и информации од различни сервиси на новинските агенции, па дури и со препишување од други интернет страници како и од веб изданијата на традиционалните медиуми. Вести емитуваат и обичните граѓани или т.н. граѓански новинари, искористувајќи ги своите видео снимки или фотографии направени со паметните телефони. Често пати овие интернет платформи успеваат да постигнат голема гледаност или посетеност поради ексклузивноста на споделеното, пред се, мултимедијалниот запис.Од друга страна, информирањето на посетителите на веб страницата најчесто содржи кратка информација од неколку реда, една или повеќе фотографии и видео содржина. Во ваквите интернет платформи и нема многу новинари професионалци туку луѓе кои имаат време и можности да се занимаваат со објавување информации, а истовремено да заработат од реклами за своите портали.Се разбира, постојат и интернет страници-портали во Македонија во чиј импресум се забележуваат имињата на новинари и кои секојдневното информирање го прават преку сопствената продукција на вести и информации.На интернет просторот има и сајтови кои нудат исклучиво дезинформации или измислени информации, шпекулации или т.н. кромид вести. Неколку сајтови од Велес кои објавувале лажни вести дури постигнаа светска слава со своите информации за претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон при последните избори во САД. Се смета дека публиката во САД ги земала предвид овие информации насочени кон оцрнување на Клинтон и тие влијаеле да победи Трамп. Поради ваквите сајтови се доведува во прашање општата вредност на информирањето преку социјалните мрежи или интернет страниците со сомнителни содржини насочени кон дезинформирање или користење шпекулации и манипулативни вести.

Традиционалните медиуми и нивната понуда на интернетРечиси да нема телевизија, радио или весник кои немаат своја веб страница. Новинари и технички кадар работат исклучиво за веб сајтовите на овие медиуми. Дел од нив силно се обидуваат да се наметнат кај интернет публиката токму преку своите сајтови каде ги пласираат истите содржини од стандардната платформа, па дури и повеќе. При известување од настан или информирање за одредена општествена состојба, новинарите од информативните редакции на традиционалните медиуми и на интернет страниците се обидуваат да изработат текст или аудиовизуелна содржина која ќе содржи поголем број информации, со што нудат продлабочен облик на известување.Професионалното новинарство подразбира обезбедување повеќе општи информации и податоци, но и ставови, од засегнати страни, ескпертски мислења со крајна цел целосно, правовремено, непристрастно, вистинито информирање на пошироката публика. Презентерите не телевизиските вести често ги повикуваат гледачите да погледаат повеќе прилози и информации на нивните интернет страници како и на профилите на социјалните мрежи.За одбележување се и примерите на неколку радија во Македонија. Тие – (Радио Слободна Европа, Канал 77) имаат свои интернет страници кои се мултимедијални во вистинска смисла на зборот. Покрај редовната радио програма или вести, на интернет страниците големо внимание посветуваат на видео содржините, фотографиите, интерактивните анкети, повратните мислења од публиката на која ѝ е овозможено коментирање на страниците и слично. ТВ, видео и фотографските галерии се посебни секции на сајтовите на овие радија. Секако, имаат и профили на социјалните мрежи - Фејсбук, Твитер, Линкедин, Јутјуб, Инстаграм, потоа посебни блогови и РСС-фидови (врски со содржината).

Интернетот достапен до речиси секој дом и институцијаАнализата Македонија во дигиталната ера - меѓу правата и обврските при комуницирањето на интернет укажува дека интернетот и медиумската онлајн средина се развиваат со силно темпо. Причините се лесно достапниот широкопојасен-брз интернет, евтината технологија и добрата инфраструктура за интернет комуникација. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, 75,3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства е зголемено од 69 отсто во 2015 година на 74,7 отсто во 2016 година. Речиси сите (99,2 отсто) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Податоци од Државниот завод за статистикаВо првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент интернетот го користеле секој ден или речиси секој ден. Мобилниот или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81 отсто од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (92 отсто). Во овој период 77 проценти од корисниците на интернет употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.Според МАРНет (Македонската академска истражувачка мрежа), овластена установа за регистрација на домени во Македонија, на крајот на ноевмри 2016 се бележат 26.611 вкупно регистрирани домени на интернет страници. (За споредба, во ноември 2015 бројката е 23.937).Во Македонија нема регулација или сеопфатно следење на интернет сообраќајот на медиумите. Сепак одредени показатели укажуваат на тоа колку е важна и целисходна присутноста на интернет просторот како на традиционалните медиуми така и на веб генерираните медиуми-портали. Светскиот сервис за посетеност на веб страниците Алекса објавува информации според податоци за просек во текот на три месеци. Податоците се добиваат на два начини - преку инсталација на Toolbar во прелистувачот на корисникот, кој ги следи адресите кои истиот ги посетува, и ги праќа до серверите на Alexa, и со поставување на скрипта на страниците на веб сајтовите која при секое посетување на страницата праќа информации до серверите на Alexa. Во последните објавени информации во Македонија најчесто се отвора глобалниот пребарувач Гугл (Google) и видео сервисот Јутјуб (You Tube), па на третото место доаѓа сајт за огласување од Македонија. Првиот информативен портал е на петтото место со 66.184 дневни прегледи на сајтот, 192.571 месечни посети и 902.872 посети на една од веб страниците на сајтот. Веб страницата time.mk која претставува агрегатор, извор на вести има објавено дека според податоците на Гугл аналитикс (Google Analytics) има за еден месец 7.895.462 посети или 689.383 посетители.На интернет страниците се поставуваат ценовници за маркетинг односно закуп на простор што укажува на вредноста која сопствениците може да ја достигнат односно заработат ако се пресметаат посетите и цените.

Битка и војна за интернетотДоколку денес се води битка на медиумите кој ќе привлече повеќе публика на интернет, во иднина несомнено ќе се води вистинска војна, не само за добивање повеќе посетители-следбеници, туку и за поголема заработка. Оние медиуми кои ќе успеат преку своите интернет сајтови да стекнат значително поголем број посетители ќе имаат можност да наплатат многу повеќе од рекламната индустрија. Прво, тоа претставува позитивна насока за развој на медиумите, а второ и силна основа во иднина да се подобруваат условите за работа на вработените - новинарите и техничкиот кадар. Со оглед на пристапноста на интернетот и понатаму ќе продолжи практиката на појава или одржување сајтови кои ќе нудат содржина без новинарска етика и стандарди со единствена причина - привлекување публика и заработка.Општата деградација на квалитетот на вистинитото информирање преку интернет, како и дезинформациите и шпекулациите, можат да се надминат односно да се препознаат со повисок степен на медиумска писменост. Во медиумскиот и образовниот систем засега медиумската писменост е сосема малку застапена, но за нејзината потреба се` повеќе се говори и се работи на создавање повисока свесност и информираност на граѓаните, пред се, кај помладата популација. Така, тие полесно ќе можат да направат вистински избор при информирањето преку различните видови на интернет медиумите.Александар Самарџиев(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica.

Оригиналната објава можете да ја прочитате тука

http://www.mkd.mk/kolumni/site-mediumi-vo-makedonija-vo-bitka-za-povekje-publika-na-internet



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная