логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЈОВАН РУСИН, СВЕТИ ДАВИД ЕВИЈСКИ И СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ - ГРЦИЈА
ОД 13 ДО 15 СЕПТЕМВРИ 2013 ГОДИНА  
Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ лиценца А бр. 680, тел 031,413,984), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организирапоклоничко патување во чест на свети Јован Русин, свети Давид Евијски и свети Нектариј Егински - ГРЦИЈА.
1 ДЕН (13.09.2013 петок): Состанок со групата во 22,00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони (ноќно возење).

2 ДЕН (14.09.2013.сабота): Пристигнувањето на островот Евија е предвидено во утринските часови. Следува заминување за Ровиес и посета на манастирот Свети Давид и поклонување на неговите мошти. Следи продолжување на патот кон Прокопи и посета на храмот посветен на свети Јован Русин и поклонување на моштите од светителот. Потоа патот продолжува кон Атина и островот Егина, следи сместување во хотел и ноќевање.  
3 ДЕН (15.09.2013 недела): Будење, а потоа заминување во манастирот посветен на свети Нектариј Егински,каде поклониците ќе можат да се поклонат и помолат пред неговите мошти. По ова посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.800 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, автобуски превоз, превоз со траект Глифа - Евија и Пиреја - Егина - Пиреја, платена такса за во пристаниште и едно ноќевање со појадок во хотел (14 септември).Последен рок за пријавување е 11 септември 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на  тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Skype: mopavlovic

 

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - СРЕДБА СО БОГА

        Поклоничкото патување, е израз на внатрешниот и надворешниот стремеж на човекот да се сретне со Бога или да биде во непосредно општење со Бога. Kако појава кај човекот го сретнуваме од најстари времиња како што ни е посведочено во Библијата, па затоа уште на самиот почеток на овој текст може да кажеме дека, поклоничкото патување на верникот има библиски основ. А штом има библиска основа, тоа значи дека има и духовна полза за секој човек кој го практикува ваквиот тип на патување во животот. Една од најмаркантните библиски личности која многу пати имал стремеж да се сретне и да биде во заедница со Бога е Авраам, тој својата надеж и вера во средбата со Бога, често пати ја остварувал преку патувања нa  одредени места, т.е. места кои Бог му ги откривал, односно определувал!

И Аврам ја измина таа земја во должина дури до Сихем... И му се јави Господ на Аврама... (1 Мој 12,6-7); ...Потоа оттаму се премести на ридот, на исток од Ветил..., го призиваше името Господово, што му се јавуваше (1 Мој 12,8). Аврам, преку потчинувањето на волјата Божја и напуштањето на својот дом и на својата земја, постанува родоначалник на поклоничките патувања во Израилот. Ваквиот начин на средба на човекот со Бога, ја гледаме и во примерот на Исака, синот Авраамов: А оттаму мина тој во Вирсавија. И истата ноќ му се јави Бог, и му рече: Јас сум Бог на Авраама, таткото твој... (1 Мој 26,23-24).
        По примерот на праотецот Авраам и пророк Мојсеј остварува средба со Бога во пустиња: … Бог на Евреите нѐ повика нас три дена пат да одиме во пустињата, за да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог … (2 Мој 5,3). Ваквиот начин на патување со принесување на жртва на Бога во Стариот завет е наречено hag, односно литургиско патување, каде што поклоникот на Бога се принесува себе и дар од себе. Подоцна преку патувањето на Израилот од Египет до Ханан, забележуваме дека патувањето од индивидално постанува општествено во Израилот. Односно ова четириесетгодишно патување ќе постане најголемото поклоничко патување во историјата на човечкот род, кое подоцна ќе постане симбол на слободата во Израилот и победа на правдата Божја во светот. За време на  патување на Израилот низ пустињата, патувањето на свети места за средба и принесување на дар на Бога било регулирано со Закон: Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господа, твојот Бог, на местото, што ќе го одбере Он, на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници; и никој не смее да се јавува пред Господа со празни раце (5 Мој 16,16). По населувањето на Израилот во Ветената земја, сретнуваме голем број на свети места каде што Израилците подигале жртвеници каде што принесувале жртва на Бога и притоа ја остварувале својата средба со Него: Тогаш Исус му изгради жртвеник на Господа, Бога на Израилот, на гората Гевал (Ис.Н. 8,30). Слични вакви жртвеници сретнуваме и во Вохим (Суд 2,5); Ветил (1 Цар 10,3); Масифа (1 Цар 7,5) и Галгал (1 Цар 10,8). А, пак Цар Давит ги нарекува блажени оние кои патуваат на свети места во името Господово: Балажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои (Пс 83,5).
        Во периодот на царевите Давид и Соломон, поклоничките патувања посатнуваат најмасовни, преки кои Израилците ја искажуваат својата вера и надеж во Бога за спасение, но исто така го покажуваат и своето братољубие. Во овој период се развива и богослужението во Израилот, каде што посебно се става акцент врз заедничкото учество на богослуженија како израз на единство на Богоизбраниот народ. Ваквото единство посебно е забележително за време на светите патувања во Ерусалим, кога поклониците за време на патувањата ги споделуваат сите добри и лоши настани и ги доживуваат како волја Божја. Израилците додека патувале на своите поклонички патувања, тие постојано својот пат го поткрепувале преку пеење на псалми и читање на молитви, најупотребувани псалми биле од 120 до 134, еден од најупотребуваните псалми бил 121 псалм. Во него секој кој патувал во името на Бога во Ерусалим ili na nekoe drugo sveto mesto бил нарекуван брат и ближен (Пс 121,8).
Како во Стариот завет, така и во Новиот завет, имаме многу примери каде што е посведочено како луѓето одат на поклоничко патување во Ерусали или на некое друго место. Еден од првите примери кој го сретнуваме во Новиот завет е патувањето на Пресвета Богородица во Ерусалим: А Марија, како стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин (Лк 1,39). Покрај ова патување на Дева Марија во истото ов Евангелие сретнуваме и други две значајни патувања на Мајката Божја во Ерусалим, кога таа со Јосиф постапуваат онака како што пропишувал Мојсеевиот закон и преданието: И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според законот на Мојсеја, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа (Лк 2,22) и И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха. А кога он беше на дванаесет години, тие пак отидоа по обичајот во Ерусалим (Лк 2,41-42). Традицијата на поклоничкото патување кое со векови било негувано во Израилот со воплотувањето на Госопода Исуса Христа и Неговата спасоносна мисија за човечкиот род н# била прекината, туку ваквата традиција била практикувана и од самиот Спасител. А, дека Христос не се противел на истата ни сведочат и Неговите зборови, но и Неговата лична пракса: Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам (Мт 5,17). Христос, не само како малоетен ги практикувал патувањата во Ерусалим, туку и подоцна одкако започнал да ја проповеда својата спасоносна наука Тој често пати патува во Ерусалим со своите ученици и со своите и пријатели. Еден од поконкретните патување го гледаме во Евангелието според Јован, каде што Христос со своите браќа разговара за патувањето во Ерусалим за празникот Сеници (Јн 7,1-10). Ако пак го анализираме живото и дејноста на Христа според Евангелието, ќе забележиме дека целиот Негов живот и мисија претставуваат едно спасоносно патување низ сите краишта на Палестина.
Христос, на самиот почеток од Неговата мисија, Тој ги повикува свои апостоли во Неговата мисија. Ако добро го анализираме Неговиот повик кон апостолите лесно ќе забележиме дека овој повик за евангелското патување, и истото нема за цел само да се напушти местото на своето живеење и да се лута без целно во животот, туку ова е Христов повик за патување на пат кој води кон духовно совршенство и спасенеи: ...И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси (Мк 8,34-35). А, од овие зборови на Спасителот, јасно е посведочено дека на човекот за спасение не е доволно само да се слуша словот Христово туку треба и да се живее според него, односно треба да претставува наше движење од она што е времено кон она што е вечно.
Според заповета Христова и Новозаветната црква почива врз темелите на апостолското патување во светот: ...Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден (Мк 16,15-16). Ова Исусова заповед за патување на апостолите низ светот со цел да сведочат за исполнување на ветувањето Божјо за спасение на човекот, ни е потврдено и во Делата апостолски, каде што апостолите започнуваат да ја шират Христовата црква од Ерусалим и Палестина па насекаде низ светот. А преку ова нивна мисија, тие всушност го пригутвуваат целиот свет како да го изодат патот на Богопознанието кој единствено може да се изоди преку Христа... Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене (Јн 14,6).
Во постапостолскиод период христијаните кои живееле надвор од Палестина имаат слична пракса како и Јудејците да патуваат за Палестина и за Ерусалим, каде за цел имаат да ги посетат сите оние места кои биле поврзани со настаните од животот на Господа Исуса Христа. Како главна цел на поклоничките патувања на првите христијани во Палестина биле Ерусалим и Христовиот гроб, како и Витлеем со пештерата во која се родил Христос.
Во 313 година, со Миланскиот едикт, откако и христијанството постанува слободна религија идејата за патување во Палестина и други места на Исток почнува да се интезивира се повеќе и повеќе. Света Елена, мајката на свети Константин во 326 година организира едно поклоничко патување на Исток и Палестина со цел да се посетат сите значајни места кои се поврзани со животот на Христа, Пресвета Богородица, апостолите и сите маченици кои пострадале за Христа. За време на ова патување света Елена ја дава иницијативата за градба на две базилики, едната на гробот од Господа Исуса Христа во Ерусалим и втората во близината на пештерата во Витлеем каде што бил роден Христос. Втора значајна личност која на индиректен начин допринесува за развој на поклоничките патувања во христијанството е императорот Теодосие Велики, кој со еден едикт од 27 февруари 380 година, во Солун, христијанската религија која беше три века гонета постанува државна религија. Од тој момент па се до денеска традицијата да се оди на свети места кои се поврзани со животот на Спасителот, на Неговата мајка, на апостолите, на мачениците и на сите светии Христови постанува белег на христијанскиот начин на живеење, преку кој се сведочи за внатрешната вера која ја поседува секој поклоник. Но, исто така поклоничките патувања на верниците претставуваат и духовна храна, преку која секоја личност, мотивирана од својата внатрешна желба да се сретне со Бога на одредено место, постанува реалност преку жртвата која ја принесува за време на неговото патување до одредено место. Преку ваквиот начин на почитување на Бога и на светителите, поклониците градат духовен дом во себе во кој постојано ќе престојува благодата Божја и таа благодат никогаш нема да остане празна во верникот.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная