ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, СВЕТИ СПИРИДОН, СВЕТА ТЕОДОРА, СВЕТИ ЈАСОН И СВЕТИ СОСИПАТАР НА ОСТРОВ КРФ - ГРЦИЈА ОД 30 СЕПТЕМВРИ ДО 2 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА
Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Ѓорѓи Јанински - Јанина, света Теодора и свети Спиридон на островот Крф - ГРЦИЈА.
2 ДЕН (01.10.2011 сабота): Будење во 07.30 часот и појадок во хотелот, а потоа ќе биде организирана посета на манастирот Пресвета Богородица - Палеокастрица, црквата на Свети Јасон и Свети Сосипатар, црквата Канони, црквата на Света Теодора и црквата на Свети Спиридон. По оваа следи разглед на градот Крф по слободен избор до 20.30 часот, а потоа заминување во хотел.
3 ДЕН (02.10.2011 НЕДЕЛА): Будење во 07.30 часот и појадок во хотелот, а потоа заминување за Игуменица и продолжување на патот за Македонија попатно ќе биде посетен манастирот Панагија Мавритиса во близина на Гревена, а потоа заминување за Скопје, пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.700 ДЕНАРИ, ОНИЕ ПАТНИЦИ КОИ ПОСЕДУВААТ СТАР - СИН ПАСОШ ТРЕБА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА СЕ ЈАВАТ КАЈ ОРГАНИЗАТОРОТ. ОНИЕ КОИ ПОСЕДУВААТ БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ ПОТРЕБНА Е САМО КОПИЈА ОД ПАСОШ СТР. 1 И 2.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничкото осигурување, автобуски превоз, сместување во хотел на база 2 Н/П, бродски превоз со платени такси во пристаниште на релација Игуменица - Крф - Игуменица и трансвер на горе споменатите локалитети.
Последен рок за пријавување е 27 септември 2011 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот на тел. 070 582 588 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ili Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.