СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ
7 И 8 НОЕМВРИ
2 ДЕНА СОЛУН И МЕТЕОРИ
Скопската епархија со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан организира поклоничко патување во чест на свети Димитриј Солунски.
1 ден, сабота (7 ноември). Состанок со групата во 03.00 часот пред храмот Света Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнување во Солун е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмот Свети Димитриј Солунски и Археолошкиот локалитет во Солун, па храмовите Света Софија и Свети Григориј Палама, а потоа разгледување на градот по слободен избор, до 16.00 часот по македонско време, по што групата ќе се состане, во 16.00 часот, пред Белата кула или Беас куле. Следи патување за Катерини.
2 ден, недела (8 ноември). Будење во 06.30 по македонско време, а потоа заминување за Метеори, на разгледување на манастирите: Свето Преображение или Голема Метеора, Варлаам, Света Троица и Свети Стефан. Потоа ќе се посети и една работилница за изработка на црковни предмети и икони според древната црковна традиција. Во 16.30 часот е предвидено враќање за Скопје, а пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.500 денари. Во ова цена се вклучени: виза, патничко осигурување, автобуски превоз и едно ноќевање во хотел (07 ноември).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА:
ЗА ВРАБОТЕНИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), копија од пасошот, 1 слика (пасошки формат), оргинал М1/М2 + копија, здравствена книшка + копија,
ЗА СТУДЕНТИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), копија од пасошот, 1 слика (пасошки формат), оргинал М1/М2 + копија, од родител, здравствена книшка + копија, индекс + копија од индекс (стр.1-2), копија од страницата каде што е заверен семестарот, потврда од факултет дека е редовен студент.
ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето) + копија, една слика (пасошки формат), копија од последниот чек за пензија и здравствена легитимација + копија (стр.3-4).
Последен рок за пријавување е 25 октомври 2009 година.
За сите информации може да се обратите на Проф. Момчило Павловиќ секој ден по 14.00х на тел. 070 582 588 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.