Мисионерско-хуманитарна дејност на Ѓаконија
Мисионерско-хуманитарната дејност на Скопската и Повардарската Митрополија "Ѓаконија" во рамките на своето дело на служење, организира групно крштевање на возрасни верници над 14 години во манастирот Св. Богородица на Матка и во водите на реката Треска. Крштевањето ќе се изврши в сабота на 5 септември годинава, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Крштевањето ќе го изврши неговото висоопреосвештенство Митрполит Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.
В понеделник на 31 август и во среда 2 септември со почеток во 18 часот во православниот храм "Св. Петка" во населбата Црниче во Скопје ќе се одржат катихуменски (подготвителни) средби со цел запознавање со основните вистини на православната христијанска вера, смислата на нашиот живот во Црквата и суштината на крштевањето, миропомазанието, причествувањето а и на другите свети тајни и свети добродетели на Црквата.
Вечер