Изградена во 1870 година од синот на Андреја Дамјанов, Дамјан, по 139 години се обновува црквата„Св. Богородица“воВелес.Реставрирани се десет столба кај кои била констатирана црвојадина. Три од нив биле гнили и постоела можност црквата трајно да се оштети или сосема да се урне. Столбовите се зајакнати со армирање, па црквата може да го издржи товарот на времето. Стручните екипи работат и на заштита на иконостасот. Според свештеникот Ристе Јанушев, црковен старешина на „Св. Богородица“, се планира во подот да се инсталира парно греење. Сите градежни активности се работат со пари од Повардарската епархија и донации од бизнисмени.
(П.П.)