логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Националната галерија на Македонија на крајот од годината во месеците октомври и ноември го реализира проектот под наслов „ Замисли желба“.
 
Станува збор за креативни работилници за изработка на лампиони и други декорации од мали парчиња текстил кои се остатоци од кроење или се неупотребливи од други причини. Материјалите за изработка на лампионите како и други помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите се реупотребуваат, редизајнираат и се претвораат во оригинални и необични креации каде секое од децата се изразува на свој и уникатен начин.

Проектот е значаен бидејќи има еколошки пристап кон дизајнот и истиот претвора нешто старо во нешто сосем ново и впечатливо. Покрај еколошката, проектот има и високо општествена свест. Со овој проект се поттикнува учеството на бизнис заедницата, да ги откупат декорациите, а средствата да бидат наменети во хуманитарни цели за „Фондацијата Марко Божиновски“. Оваа фондација има за цел да обезбеди соодветна поддршка, станува збор за животна средина со спортска содржина за деца и млади од социјално-маргинализирани средини да имаат можност да се вклучат во светот на спортот.

Во креативните работилници кои се реализираат во објектот Чифте амам можност за креативен израз имаат деца со попреченост, учествуваат ученици од основното, средното и високото образование.

Учесници во проектот: Дневен центар за лица со Даунов синдром, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ОУ „Лирија“, ОУ „Хасан Приштина“, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Братство“,  гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ (паралелката за меѓународна матура), „Никола Карев“, „Св Наум Охридски“, Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн, Педагошкиот факултет „Св.Наум Охридски“, Универзитетот „Мајка Тереза“.

Координатор на проектот е Маја Димитрова.

Замисли желба/ Make a wish
Креативна работилница за изработка на лампиони и разни видови новогодишни декорации


Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања, помали и поголеми, успеси мали и големи, паѓања и станувања ние само станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас. Па така Националната галерија на Македонија во соработка со Бела (Bella), најголемиот моден бренд во нашата земја, организираат креативни работилници со теми токму поврзани со престојните новогодишни празници во кои учество ќе земат децата од повеќе училишта. Идејата е, учениците со попреченост да соработуваат со децата од редовната настава и во таа насока да другаруваат, да се запознаат едни со други и да споделат моменти на среќа, љубов, хармонија и креативност. Од вредните раце на учениците ќе произлезат голем број лампиони и новогодишни декорации кои потоа би требало да бидат прикажани пред пошироката јавност во вид на организиран базар.

Под мотото: „Од децата за децата“, собраните средства ќе се наменат во хуманитарни цели.
Па така, „Фондацијата Марко Божиновски“, основана од неговите родители како почит и вечен спомен за нивниот прерано починат син, организира голем број активности за поддршката на младите талентирани спортисти кои немаат средства да инвестираат во развојот на нивните вештини и кариера. Покрај тоа, фондацијата има за цел да обезбеди соодветна поддршка и животна средина за децата и младите од социјално-маргинализираните средини да влезат во светот на спортот. Фондацијата има повеќе цели за наредната 2023 г, но како најголем приоритет е да се обезбедат дигитални монитори за контрола на работа на срцето наменети за млади спортисти, обезбедување на средства за спортски кампови за млади, како и за организација на годишниот Куп „Марко Божиновски“ за лица до 18 години.

Проектот Замисли желба/ Make a wish ќе се приклучи во остварување на овие цели !
Овие проекти се значајни бидејќи се поттик за иднината! За безрезервната поддршка и соработка што ние како институции треба да ја разменуваме во креирање на можности за доброто на сите!

Со почит,
Национална галерија на Македонија
Директор- Дита Старова Ќерими



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная