логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

винка

Издавачкиот центар ТРИ вечерва ќе го промовира своето ново ексклузивно издание – петтиот роман на една од најчитаните и најпопуларни македонски авторки - Винка Саздова. Новиот роман на Саздова со наслов „Вилино“ пред македонската публика ќе го претстави професорот и писател Венко Андоновски, а промоцијата ќе се одржи во локалот „Сиеста“ во центарот на градот, со почеток од 19 часот.

„Вилино“ е уште еден современ психолошки роман од мајсторот на жанрот, жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Централното прашање што се поставува е: каде исчезнува онаа вселенска љубов откако ќе се оформи семејството? Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Романот е полн со источни мудрости и мистична филозофија, со извонредни ликови и симболика. И роман-терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.

„Вилино“ е петтиот роман на Винка Саздова. Досега ги има објавено „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик. Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Со „Вилино“ Саздова уште еднаш ја потврдува својата културна мисија, а тоа е создавањето своја препознатлива публика и подигнување на читателскиот стандард, станувајќи име без кое веќе не може врвната македонска книжевност.

Издавачки центар ТРИ ве поканува на овој прекрасен книжевен настан, со кој на најубав можен начин ќе ја заокружи својата јубилејна година!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

05/03/2025 - среда


Велигденски пости;
(строг пост)

Свети Лав, епископ Катански; Светиот свештеномаченик Сад

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот отец Евстатиј архиепископ Антиохиски  6 март/24 февруари / 2025

Тропар на светиот отец Евстатиј архиепископ Антиохиски 6 март/24 февруари / 2025

Гонење заради правда претрпувајќиустата твоја замолче – пастиру Христов,оставајќи го судот на Господа кого ти мажествено го исповедаше,не плашејќи се...

Тропар на светиот епископ Христов Лав Катански чудотворец 5 март/ 20 февруари 2025

Тропар на светиот епископ Христов Лав Катански чудотворец 5 март/ 20 февруари 2025

 Угоднику Божји, ревнителу за верата Православна,удостоен да бидеш носител на Христовата благодатсо Името Господово лекуваше,губави очистуваше и против прелеститена овој...

Тропар на светите aпостоли Христови Архип, Филимон и Апфија  4 март/ 19 февруари 2025

Тропар на светите aпостоли Христови Архип, Филимон и Апфија 4 март/ 19 февруари 2025

Апостоли свети Христови Архипе и Филимоне,преку вас Словото Божјо во вселената се проповедаше,Цркви устројувавте, служители поставувавтеи спасение на родот човечки...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная