Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја – заштитничката на градот Скопје.
Вечерната богослужба, на 20 септември, ќе започне во 17 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центарот на Скопје.
На 21 септември, Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.
Извор:Скопска епархија
Од АРХИВА на Преминпортал
Скопје, 20-ти септември 2016 год. -храм Рождество на Пресвета Богородица
http://preminportal.com.mk/266-vesti/18067-vecherna-bogosluzhba-na-rozhdestvo-na-presveta-bogorodica
П.П