ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ПОДДРЖАНА ОД НАСА
СКОПЈЕ,
10.10..2017:
Светската недела на вселената оваа година ќе биде финализирана со јавна
дебата, во вторник, на 10 октомври, во 10 часот, во „МКЦ –
Џебно кино“ на тема загадување на воздухот.
Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата NASA Datanauts, во склоп на open.NASA, која
претставува соработка со неколу индивидуалци од целиот свет со цел подобро искористување и
промоција на отворените податоци за генерирање иновации и решавање глобалн
и проблеми. Со нивна помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво со цел да се посочи како
македонските граѓани се здружуваат и ја користат технологијата за решавање еден ваков
сериозен проблем.
Од организацијата велат дека оваа дебата ќе се фокусира на иницијатива за поголема соработка
помеѓу државните институции, невладините организации и бизнис
-
секторот за креирање долгорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот преку: искористување на
отворените податоци и транспарентност, креирање иновативни проекти од заеднички приватен и
јавен карактер, прибирање креативни идеи од граѓаните, невладините организации и бизнис
-секторот како и нивно активно вклучување.
На дебатата официјално и првпат во јавноста ќе се прикажат споредбени податоци од
апликацијата „Мој воздух“ за бројот на деновите секоја година (во периодот јануари 2015 до
септември 2017) во кои ПМ10
-
дневниот лимит е надминат.
Дебатата ќе ја води Огнен Јанески, а како панелисти ќе говорат
Јани Макрадули, заменик министер
за животна средина и просторно планирање,
Ели Пешева, претставник на коалицијата
О2, Хајан Селмани, основач на компанијата Хаселт и Јасмина Белчовска Тасевска од
канцеларијата на УНДП во Македонија.