логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Издавачката куќа „Магор“ со огромно задоволство ве известува дека промоцијата на книгата „Зборот остава траги“, со поднаслов „Збирка интервјуа што излегуваат надвор од рамките на своето време“, на долгогодишниот новинар од областа на културата и уметноста Тони Димков, ќе се одржи на 9 ноември (среда), со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб ресторан. Промотори на книгата се Илинденка Петрушева и Влатко Галевски.Книгата „Зборот остава траги“ е прв заокружен публицистички труд на новинарот Тони Димков и содржи разговори со плејада истакнати личности и дејци од уметничкиот живот во Република Македонија.
За книгата „Зборот остава траги“ промоторот Илинденка Петрушева истакнува:- Многу е битно она што во текот на времето си го пишувал и објавувал, во еден момент да го ставиш меѓу две корици. Оти тоа што било објавено во печатените медиуми завршило во канти за ѓубре, она што било на радио ветерот го одвеал, она на ТВ е пиши-бриши. Ова што е ставено меѓу две корици останува како хроника за едно време, за еден простор, практично станува дел од културната историја. Тони Димков, посветеникот на културата и уметноста, со оваа книга ни понуди еден интересен новинарски жанр – интервју, коешто нималку не е лесно доколку сакаш да биде како што треба. И зошто е значајна оваа книга? Затоа што Димков за секое интервју се подготвувал, што е очигледно, до најситни детали и токму заради тоа, во разговорите со соговорниците прераснува во хроничар и на минатото и на сегашнината со поглед кон иднината. – Илинденка Петрушева.
За книгата „Зборот остава траги“ промоторот Влатко Галевски истакнува:- „Зборот остава траги“, првата книга со интервјуа на Тони Димков (а можела да биде и петта) претставува публицистички проблесок во досега невидената македонска баруштина на новинарска неетичност, незнаење и провинцијално скрибоманство. Тони Димков, веројатно, е еден од многу ретките професионалци кои опстојуваат на своите етички новинарски принципи, еден од малкумината кои сѐ уште имаат благороден однос кон својата професија. Книгата „Зборот остава траги“, ја има силата на едно сведоштво и историчност, напишана како креативна интеракција со литерарни димензии. Со своето искуство, Димков на овие разговори им дава интегритет со што буди доверба и кај соговорниците, а и кај читателите. „Зборот остава траги“ е организирана како ’хор од солисти‘, темелно и искрено. – Влатко Галевски.Во книгата се објавени 21 интервју со истакнати творци, како Матеја Матевски, Љупка Џундева, Ферид Мухиќ, Илија Пејовски, Киро Урдин, Слободан Унковски, Оливер Белопета, Вања Лазарова и Душко Димитровски, Глигор Чемерски, Дејан Дуковски, Венко Андоновски, Илинденка Петрушева, Никола Ристановски, Владимир Блажевски, групата „Фолтин“, Сергеј Андреевски, Иван Џепароски, групата „Бернајс пропаганда“, Петра Селишкар и Бранд Ферро, како и интервјуа со меѓународно афирмирани личности, како Желимир Жилник и Фред Келеман.Книгата е објавена во едицијата „Дијалози“ на издавачката куќа „Магор“.Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.
Тони Димков (1969, Скопје) е новинар од областа на културата и уметноста кој со години ги следи творештвото на македонските уметници од повеќе области и сите позначајни фестивали и културни манифестации во Република Македонија.Во повеќе од 25-годишната работа во оваа област професионално бил ангажиран во повеќе електронски и печатени медиуми, како Македонска телевизија, неделните списанија „Глобус“, „Граѓански“ и „Форум“, дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, месечните списанија „Арт Република“ и „Лајф магазин“. Од почетокот на 2014 година ја подготвува рубриката за култура во интернет-порталот „МКД.мк“.
Со почит,Магор



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная