НА ФЕСТИВАЛ ВО УНГАРИЈА И ВО МАКЕДОНИЈА НА МАНАКИ
„РОДЕНДЕН“, последниот филм на режисерката Косара Митиќ ќе учествува во официјална
конкуренција на 12. издание на Интернационалниот филмски фестивал за краток филм кој се одржува во
Будимпешта, Унгарија. (12th BuSho International Short Film Festival)Фестивалот се одвива во периодот од 30 август до 4 септември годинава а краткометражниот филм
премиерно ќе биде прикажан на 31 август, што воедно ќе биде негова интернационална премиера. Една
од главните цели на фестивалот е да го развијат, презентираат и промовираат културниот идентитет на
Источно-Европскиот аудио- визуелен сектор, овозможувајќи му да претстави повеќе експерти на
пазарот.Веднаш по оваа интернационалната премиера, ќе следува и македонската премира во рамките на
претстојниот 37. Интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола, во
програмата насловена МАК ПОИНТ.Филмот „РОДЕНДЕН“ е филм за група тинејџери кои на еден бизарен начин го прославуваат
полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие.
Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија
Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.Покрај режијата на филмот, Косара Митиќ се потпишува и како сценаристка на ова остварување.
Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Владимир Павловски, дизајнот на
звук е дело на Игор Поповски, композитор е Игор Василев- Новоградска, сценограф е Кирил Спасески,
костимограф е Емилија И. Атанасовска, шминкер е Симона Ристевска. Продукцијата на филмот е на
Сектор Филм.Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.Со почит,
Продукција СЕКТОР ФИЛМ Скопје,
30.08.2016