Почитувани,Сојуз на стопански комори на Македонија ги повикува сите компании да се вклучат во акцијата за помош на граѓаните погодени од силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи.
Компаниите својот придонес во помош за основни потреби и згрижување на граѓаните од местата погодени од невремето можат да ги достават во пунктот отворен во канцелариите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 1 или преку контакт телефонот 02/3091440 од 09-17 часот.
Во согласност со потребите на граѓаните кои се погодени од невремето, најпотребни артикли се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција и сл.
Дополнително, правните субјекти и граѓаните можат да се вклучат со обезбедување на парична помош за лицата погодени од невремето
на следниве жиро сметки:Сојуз на стопански комори на Македонија
ПроКредит Банка: 380-1305492021-24
Халк Банк: 270-0589952401-28
Еуростандард Банка: 370-0111002738-89
Цел на дознака: Донации за СкопјеДа помогнеме!
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 02/3091-440
или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.