логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ТЕМНАТА СОБА“ ОД ИСАК РОСА 


Во рамки на едицијата „Европски калеидоскоп“, издавачката куќа Магор го објави романот Темната соба од шпанскиот писател Исак Роса. Преводот од шпански е на Марија Саревска-Тодоровска.
Промоцијата на книгата, на која ќе биде присутен и авторот, ќе се одржи во вторник (17 ноември) во кафе-книжарницата Магор со почеток во 20.30 ч. Промотори на книгата ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Наташа Аврамовска.

    Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат просторијата за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата. 
    Романот Темната соба претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана.
   
    Шпанскиот писател Исак Роса е еден од најпризнатите писатели на својата генерација. Редакцијата на културната рубрика на весникот „Ел мундо“ го прогласи за еден од дванаесетте најзначајни писатели во современата шпанска книжевност.


    Роден е во Севилја во 1974 година. Живее во Мадрид, каде што работи како редовен колумнист во порталот „Елдиарио.ес“, а соработува и со неколку други весници и месечници. Бил колумнист во весникот „Публико“ и во сатиричното списание „Ел Хуевес“. Првиот роман Лошо паметење го објавува во 1999 година, а подоцна го преработува и под насловот Уште еден проклет роман за граѓанската војна го објавува во 2007 година. За романот Залудна вчерашност (2004), ќе ја добие престижната награда „Ромуло Галјегос“, а потоа и наградите „Око на критиката“ и „Андалузиска награда на критиката“. Во 2008 година го објавува романот Земја на стравот, за кој во 2009 година ја добива наградата на Фондацијата „Хосе Мануел Лара“ за најдобар роман објавен на шпански јазик. Потоа следуваат Невидливата рака (2011) и Темната соба (2013), романот кој го сместува меѓу врвните современи шпански писатели, создавајќи одлична метафора на современото шпанско општество, предадена со неверојатна стилистичка моќ. Покрај романите тој е автор и на драмското дело Збогум момци (1998), новелата Вревата на светот (1998), како и на повеќе раскази, објавувани во разни антологии. Роса е и еден од тројцата коавтори на публикацијата Косово. Хуманитарно алиби (2001), во која се разголуваат медиумските манипулации создадени да ја оправдаат интервенцијата врз Србија. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а според романот Залудна вчерашност е снимен филмот Живот во црвено.

    Книгата е објавена со финансиска поддршка на програмата Култура на Европската унија.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная