„Матица“ го продолжува саемот „Книга во секој дом“
01 февруари 2015
Во книжарницата „Матица“ продолжува славењето на зборот, словото и книгата. Во првата седмица од февруари ќе бидат промовирани најновите дела на современите македонски автори, Панде Манојлов, Јован Дамјановски, Коле Манев, Трајче Кацаров и Славе Ѓорѓо Димовски.
Во понеделник, 2 февруари, во 12 часот, читателите ќе имаат можност за непосредна средба со Панде Манојлов од Битола. За неговото најново дело „Последната корида на душата“ ќе говори Паскал Гилевски.
Во вторник, 3 февруари, во 12 часот, пред публиката ќе биде претставен најновиот роман на Јован Дамјановски од Тетово „Мирисот на лагата“. За неговото дело ќе говори Раде Силјан.
Во среда, 4 февруари, средба со читателите ќе има Коле Манев. Поводот е неговото дело, сценарија за филм „Сценарија, зошто да не?“. За делото ќе говори Иван Чаповски.
Во четврток, 5 февруари, во 12 часот ќе биде претставено делото на Трајче Кацаров од Штип, „Двонасочна релација-Театар и публика“. За делото ќе говорат акад. Милан Ѓурчинов и др Маја Јакимовска-Тошиќ.
Во петок, 6 февруари, со почеток во 19 часот ќе биде претставена избор поезија „Ткаења“ на Славе Ѓорѓо Димовски од Охрид. За поетскиот избор, со кој се одбележуваат два јубилеи, 55 години од раѓањето на авторот и 35 години од објавувањето на првата поетска книга ќе говори Веле Смилевски, Претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Со овие активности, во Паркот на Книгите продолжува Саемот на книгата „Книга во секој дом“.
Извор: Кајгана