Изложба на Јана Манева-Чупоска со наслов „Портретирани сеќавања“ ќе биде отворена во 19.30 часот, во галеријата на НЛБ Тутунска банкa
Станува збор за изложба на цртежи, дела во комбинирана техника и дигитална фотографија. Изложбата ќе ја отворат Наде Пешева - ликовна критичарка и Јордан Плевнеш - писател.
- Во времето на дигиталните технологии и постојаното редефинирање на предметот на уметноста, интересот на авторката Јана Манева-Чупоска се врти кон асоцијативните форми, кои ги побудуваат во нас „заспаните“, но дефинирани архетипови, како дел од една колективна меморија поврзана со прашањето на културните и етноидентитетите - вели во каталогот за изложбата ликовната критичарка Наде Пешева.