логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Околу нас, секогаш имало и има луѓе способни да не се скршат пред несреќата. Тие наоѓаат во себе сила дејствено да му служат на општеството. Судбината на Григориј Журавлев – човек верник и со чиста душа – е светол пример за тоа. Роден со страшна маана, но имајќи длабока вера и сила на духот, тој творел во името на Бога и за луѓето. Дознавајќи за таков човек, сакаме да раскажеме за него, за да помогнеме на некој да се врати на креативниот труд, некого да изведеме од состојба на очај и безнадежност, а некој и да ја пронајде верата, изгубена од различни причини.

zuravlev3„…Во 1858 година, во селото Утевка, Самарска губернија, во полутемна визба се родило дете без раце и без нозе. Само труп и глава. Целото рамно, како јајце. Тогаш во визбата дошол таткото, ѓакон, кон кого и се обратиле роднините:

- Како можеше тоа да се случи?

- Хм-да, православни, тоа е сложено прашање. Очигледно, Господ предвидел во овој младенец голем човек. Можеби тој е назначен од Господ да биде генерал, а можеби и архиереј. А ѓаволот по злобна умисла, се замешал, па рацете и нозете му ги одзел на младенецот. Или пак, можеби јас грешам, така што, простете ми заради Христос.

На осмиот ден младенецот го донеле во црква:

- Се крштева Божјиот слуга Григориј. Во името на Отецот. Амин. И Синот. Амин. И Светиот Дух. Амин.

- Е што дете ќе беше ова, само уста, – негодувал кумот примајќи го крстениот Гриша во сувите пелени.

Отецот, укорно погледнувајќи кон кумот, рекол:

- Сè уште не знаеме која е Божјата промисла за ова дете. А што се однесува до устата, со таа уста тој може да направи уште поголеми дела. Зашто устата не служи само за вкусување на храна, но кажано е во Писмото: „Во почетокот беше Словото“. Почекај, тој уште и ќе те храни. Што е невозможно за човекот, за Бога е возможно“, – рекол свештеникот, пристапувајќи кон детето со светото миро…

Способноста за цртање кај Гриша се пројавила рано. Уште додека бил многу мал, тој ги изненадувал соседите, кога, ползејќи во дворот на стомак, стегал со забите парче од дрвен јаглен и цртал сè што гледал: луѓе, дрвја, куќи. Со својот детски ум тој проникнувал во самата суштина на нештата и настаните. Се создавал таков впечаток, дека преку своите страдања тој видел многу нешта, што другите не ги гледале. Еднаш за време на таа занимација, него го видел учителот на селското училиште и ги замолил роднините да го носат Гриша во училиште. Учењето му одело лесно. Тој успевал по сите предмети, иако пишувал, држејќи го пенкалото во забите. Кога момчето потпораснало, него го пуштиле да учи во Самарската машка гимназија. Во сè му помагал неговиот брат Атанасиј. Освен во гимназијата, Гриша го возеле во градскиот катедрален храм на богослужби и уште во иконописна работилница. И кога тој се наоѓал во работилницата, едноставно не бил истиот. Вдишувајќи ги мирисите на олифот, скипидарот и лаковите[1], тој доживувал празнично чувство. Еднаш, некако тој му ги покажал на сопственикот на работилницата своите цртежи на хартија со молив и акварел. Цртежите преминале низ рацете, мајсторите нишале со главите, и одобрувачки кимнувајќи, го тапкале Гриша по плеќите. Наскоро тие, без мрзливост, почнале да го учат на своето мајсторство на тенок иконски живопис, од самиот почеток, од основите. Тешко било од почеток, ох, колку тешко. Брат му му ја подавал четката в уста, и тој почнувал. Даската требало да биде легната на масата спласнато, рамно, за бојата да не истекува надолу. Четката во однос на даската требало да се држи вертикално. И колку повеќе тоа се погодувало, толку подобар бил цртежот. Од премногу блиското растојание го болеле очите, од напрегнатост го болел вратот. По два-три часовна таква работа, настапувала спазма на челусните мускули, така што не можеле да ја извадат четката од устата на Гриша. Тој успевал да ја отвори устата дури потоа, кога на мускулите клавале мокри жешки крпчиња. Но затоа успесите биле очигледни: цртежот на иконата излегувал тврд, правилен. Друг тоа со рака не може да го направи, како Гриша со заби. Почнувал тој од едноставни икони, каде што била само фигурата на светителот, но потоа по малку преминал кон посложена иконографија.

zuravlev2На 22 години Григориј ја завршил Самарската гимназија и се вратил во родната Утевка, каде што започнал да слика икони по нарачка. Иконите нацртани од него веднаш се продавале. Не само што иконите биле добри и благодатни, но особено го ценеле и почитувале тоа во народот, што тоа не биле обични икони, а неракотворни. Околу 1885 година, за време на царствувањето на имераторот Александар III, во селото Утевка започнале да градат соборен храм во чест на Светата Животоначална Троица. Проектот за црквата предизвикал кај Григориј Журавлев некакви забелешки. И соселаните му довериле нему да ги исправи недостатоците. И по усовршените од него цртежи (уште еден талант од раѓање) била изградена утевската црква. Што се однесува до живописот во храмот, го повикале Григориј да ги црта ѕидовите. По цели денови тој поминувал на создадените за него „подмостови“. Премногу тешко било да се нацрта куполата на храмот. Тој морал да лежи на плеќи, да страда од измореност и болка, но тој сепак успеал да го заврши фрескоживописот на куполата. Од таа работа на лопатките, крстот и тилот му се формирале болни крвоточиви рани. Од напрегнатата работа и постојаното вгледување во цртежот речиси потполно му се расипал видот. Постојано му пукале и крвареле усните, од основа се избришале предните црти. Кога, по работа седејќи на маса, тој не можел да јаде од болка во устата, блиските му велеле: „Маченик, Гришенка. Ти си наш маченик“.

Неколку години Григориј Журавлев фрескоживописувал храмови и ги прославил со своите фрески црквите во сета губернија. Григориј Журавлев имал и други одговорни нарачки. Во 1892 г. во Самара бил осветен катедралниот храм на Христос Спасителот. Покровител на Самара се смета светителот Алексиј. Губернаторот А. Свербеев му задал задача на Григориј Журавлев да ја нацрта иконата на небесниот покровител, изразувајќи го на тој начин, признанието на талантот на иконописецот. (Понатамошната судбина на самарскиот храм на Христос Спасителот е тажна: храмот не постои, разрушен од богоборната власт на советските времиња).

Наскоро гласот за необичниот мајстор дошол до Царскиот Дом. Журавлев бил поканет во престолнината и таму сите ги зачудил со својата уметност. Поживеал во Петербург 3 години. За последното царско семејство во Русија, Журавлев нацртал групен портрет, од кој Николај II бил задоволен. Се вратил тој (Григориј) на родната земја со пензија назначена од Царот, во големина од 25 рубли злато месечно. А на самарскиот губернатор му било наредено да му издаде на иконописецот распуст од зимно и летно патување.

Иако Григориј имал средства, иконописна работилница тој не отварал, и како и порано икони цртал сам. Учениците му помагале да размешува бои, да ги подготвува даските за иконите, глетовање. По иконите на Григориј Журавлев доаѓале од далечните покраини на Русија. Во животот тој секогаш бил во рамно, мирно расположение на духот, ништо не ја колебало и не ја помрачувало неговата душа. Секогаш весел, жизнерадосен, како оганче им светел на луѓето, ги поддржувал, колку што можел, во тешките времиња. На луѓето не им предизвикувал впечаток за човек, одделен од судбината. А напротив, се одликувал тој со необична сила на духот, сите го почитувале и љубеле.

metodij i kiril zuravlev1916 г. кога се водела тешката крвава војна со Германија, Григориј се натажил, и почнал често да боледува. Во време на една особено тешка болест, тој имал откровение: дека наскоро ќе дојдат млаки времиња, кога ни тој, ни неговите икони, никому нема да му бидат потребни. А по три години така и се случило, но Григориј тоа не го видел, зашто веќе лежел во гроб. Умрел на крајот од 1916 г. пред самата револуција. Го погребале во дворот на црковната ограда на Утевскиот Троицки храм.

Во Светата Троице-сергиева Лавра, на Сергиевскиот Посад, грижливо се чува една од иконите на четката на Григориј Журавлев под име „Свети Лав – папа римски“. Таа е образец на една од иконописните школи на XIX век. Зарем не е тоа безусловното признание на талантот на Григориј Журавлев?!

(Во Русија постои иницијатива за негово канонизирање за светител)

Превод од руски јазик:

Златко Дивјаковски, дипл. Теолог

Наслов на изворникот:

http://www.filantrop.ru
Православна светлина бр. 24

[1] Олиф – варено, ленено масло; скипидар – растворител.

Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная