логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bogorodica.kolazh60

ИКОНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ ЛИК
       Ватопедска чудотворна икона на Богородица Парамитија (Утешителка)


Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед, да ги заколат монасите и да ги искрадат манастирските богатства.
Една вечер тие се истовариле на копното и се сокриле во блиските грмушки.
Ама, надзорничката на целата Света Гора, Пресветата Богородица не дозволи да се исполнат намерите на безбожните гусари.
Следниот ден, после отпустот од утрената, кога братството се разотишло во своите келии на починок, игуменот останал во храмот продолжувајќи со своите утрински молитви. Додека тој така се молел, одеднаш од Богородичната икона се слушнал предупредувачки глас:
„Денес, не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.
Изненаден игуменот ја побарал со поглед иконата од која што се чул гласот и веднаш здогледал страшно чудо:
Богородичното лице било оживеано, како и лицето на Христа Младенецот Кого во прегратка го држела.
А, Предвечниот Младенец, испружувајќи ја раката и поклопувајќи и ја со неа устата на Својата Богомајка, се завртел на кај неа велејќи и:
„Немој, Мајко моја, не зборувај така, туку нека бидат казнети како што им доликува, бидејќи не ги исполнуваат своите монашки задолженија“!
Но, Богородица грижливо со својата рака ја задржала раката на синот и на Господ Свој и свртувајќи ја главата надесно, Таа ги повторила истите зборови:
„Денес, не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.
Обземен од голем страв од ова страшно чудо, игуменот веднаш го повикал своето братство и им го раскажал случувањето и предупредувањето на Пресвета Богородица, како и упатените зборови од Господа.
И сите со големо восхитување забележале дека Богородичното Лице и Лицето на Господ Исус Христос и воопшто целиот приказ и лик билее изменети, потполно спротивно од претходно. На лицето на Богомајката почива целомудрена насмевка, предупредување и утеха, а лицето на Господ Исус Христос е со строг предупредувачки поглед.
Во знакот на својата жива благодарност, монасите заблагодариле за промислата и заштитата која им ја укажала Пресвета Богородица и по Нејзините молитви, Милостивиот Бог. Тогаш се искачиле на ѕидините и со оружје се одбраниле од непријателскиот напад.
Од тогаш, па се` до денешни дни, оваа икона е позната по името - Утешителка.
А лицата на Богородица и на Исуса Христа останале во истата положба во која што се наоѓале кога игуменот по трет пат ги слушнал чудесните зборови:
Богородица со лицето свртена на десно и покрај испружената рака на Предвечниот Младенец и Бог,
во обид да ја тргне Неговата рака од усните свои за да може слободно да им ја објави на своите избарни слуги претстоечката опасност.
Оваа Икона стои во параклисот на Богородица Утешителка, на десниот ѕид на певницата, со лице преполно со сочувствителна љубов, со поглед кој што зрачи, со благост, кроткост и милостивост.
На Нејзините усни почива целомудрена насмевка, предупрдување и утеха.

 

 

Pravoslavie.mk



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная