логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во Пантелејмоновиот манастир на Атон пронајден негативот од чудотворната икона

на Пресвета Богородица „Светописанаја“

IkonostasHramaSvetopisannogoObraza.jpg27 јануари 2015 лето Господово

Оригиналниот негатив од чудотворната икона на Пресвета Богородица „Светописанаја“ – фотографија,IkonostasHramaSvetopisannogoObraza.jpg снимена во 1903 год., за појавата на Пресвета Богородица во време на делењето нафора во Рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора, повторно е вратен во руската светогорска обител.

Негативот бил најден за време на работата со стари фотографии во архивата на манастирот. Ова откритие, кое беше направено после повеќе од 110 год., без сомнение може да се смета за чудо, со оглед на сите настани  кои се случиле во руската светогорска обител во периодот од еден век. Многу негативи биле изгубени во пожарот во 1968 год., а еден дел од нив се наоѓале во приватни колекции. Да се најде оваа ценета реликвија, после толку години, беше просто невозможно.

Според зборовите на игуменот на Рускиот манастир „Св. Пантелејмон“, схиархимандритот Еремиј (Алехин), „пронаоѓањето на негативот – првообразот на светата икона на Божјата Мајка – е милост од Пресвета Богородица и сведочи за тоа дека Атонската Игуменија е благонаклона кон Обителта и го прима засилениот подвиг на нејзините жители“.

За чудото им беше соопштено на сите браќа, за утеха и поткрепа во подвигот. По повод ова чудесно собитие во рускиот светогорски манастир беа вознесени благодарствени молитви кон Пресвета Богородица, а на сите жители и поклоници во манастирот им беа разделени фотографии, направени од пронајдениот негатив од 1903.

Како што е познато, на 21 август / 3 септември 1903 во Рускиот Светипантелејмонов манастир на Атон, се случи чудесно јавување на Пресвета Богородица; за време на раздавањето на милостина кај светите двери на Пантелејмоновата обител била направена фотографија, на која подоцна се испостави дека е овековечен ликот на Божјата Мајка, како прима милостина од рацете на старец-монах меѓу сиромашните браќа.

Ова чудесно јавување на Пресветата Богородица за време на раздавањето милостина, се покажува како дејство на промислата на Божјата Мајка за исполнување на Нејзиното ветување, и е во нераскинлива врска со слични на ова собитија кои се случиле во различни периоди од историјата на Атон.

Светописаната икона на Пресвета Богородица повеќе од 100 год. е длабоко врежана во руската светогорска обител, на Атон и по целата Света Русија. Оваа икона е внесена во официјалниот список на чудотворни икони на Атон, а денот на нејзиното празнување е на една од Светогорските Слави. Во 2013 год., на заседанието на Свештениот Синод на РПЦ во Киево-Печерската Лавра, празникот на Светописаната икона на Божјата Мајка 21 август / 03 септември, е исто така внесен во месецословот на Руската Православна Црква.

Во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Атон постои храм посветен на Светописаниот образ на Божјата Мајка.
Извор: Атонит

Преземено од. Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1909
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная