. . ."Иконата пред се има анагошка(возведувачка) и педагошка улога. Ни сугерира и не повикува да воспоставиме личносен однос, општење со нејзиниот Праобраз, со изобразената личност.Не да останеме во нашата сиротост но да се подигнеме кон Божјото богатство. Павле Евдокимов вели дека иконата тежнее кон својот Праобраз и кон Него го ориентира човекот. Иконата-вели-не е содржина само теоретска или ликовна, туку СРЕДБА, непосредно присуство кое раѓа единство. Јазикот и е символичен. На пр. крупните очхи не потсетуваат дека се обожени, Го виделе она сто е големо и возвишено. Неприродно зголемената глава вели дека ја стекнала мудроста од висините. Иконата станува сопатник, утеха на натажените, ја лечи самотијата со тоа што ги отвара дверите на Домот на Отецот, со дејството на Св.Дух. Иконата го поттикнува слаткопоецот да создаде песна; го просветлува богословот да богослови, го исполнува срцето со тивка радост, твори чуда. Станува наш воспитувач и невестоводителка на нашите души кон спасението, секојпат во содејство со Св.Дух. На иконата не се репродуцира случката но се оприсутнува вистината на Црквата, како овоплотена благодат . . . '
Посети: {moshits}