Пронајден неоткриен трислоен фрескоживопис во македонскиот споменик на културата - црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Лешок
Владата и одговорните институции, вклучително и Националниот конзерваторски центар - Скопје, поддржани од средства од Министерството за култура, во изминатите пет години ја имаат во своите приоритети заштитата на оваа црква. Овој клучен напор кулминираше со спроведување на конзерваторски проект за ѕидно сликање. Со гордост можам да споделам дека овој потфат успешно го потврди постоењето на три карактеристични фази на сликарството, вклучувајќи го и сега откриениот најстар слој. Овој трет слој, сместен под слојот од 17 век во олтарот, прикажува целосна фигура на епископ со свиток во раката.
Ова откритие е повик за акција за дополнително да ги поттикнеме нашите иницијативи за заштита и зачувување на македонското богато културно наследство.
164 милиони денари оваа година издвоивме за заштита на културното наследство. Ние сме целосно свесни и одговорно тврдиме дека ова е скап потфат за кој бара квалификувани професионалци.
Приказната за нашето минато, вградена во богатства како Лешочката црква, мора да ја негуваме и сегашните и идните генерации.
Друго:
Средба со министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска - Стојчевска
14.06.2023 година. Во Лешочкиот манастир, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф оствари средба министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата стана збор за годинешните работи на реставрацијата на трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во Лешочкиот манастир - црквата Света Богородица во Лешок, каде е пронајден поголем фрагмент од 13 век. Според конзерваторите за sидно сликарство, поради големината на фрескоживописот од 13 век ќе има ретка можност да се презентира трослојното сликарство. Односно на едно место ќе може да се видат повеќеслоен фрескоживопис.
Јуни 2023 лето Господово
http://tge.mk/product/sredba-so-ministerkata-za-kultura-g-a-bisera-kostadinovska-stojchevska