Во Днепропетровскиот историски музеј е отворена фото-изложба „Бог ја создаде Земјата за живот“.
Авторот на изложбата, Јуриј Викторович Муханов, член на локалната група на фотографи и член на Националниот сојуз на новинари, им претстави на гледачите 50 најдобри фотографии со изгледот на православна Македонија.
Фотографот не случајно го одбра Охрид за цел на своето патување. Градот се нарекува Словенски Ерусалим поради огромниот број на споменици на културата. „Унеску“ го вклучи Охрид во списокот на заштитетни градови, а за самите Македонци тој е свето место во нивната држава.
Особено внимание на фотографот му привлече манастирот на свети Наум, кој е основан во 11 век; црквите и манастирите кои се наоѓаат на брегот на Охридското езеро, опкружено од сите страни со густа шума.
„Сите фотографии се направени на крајот на месецот април оваа година, во благословениот период на цутење и на прекрасно време. Мене ме вдахнови тоа што сите Македонци, од мал до голем, со голема топлина и радост се однесуваат кон Украина и Украинците. Се надевам дека ќе успеам на гледачите да им ја пренесам таа топлина, и сум Му благодарен на Бога за можноста да го направам ова патување“, рече авторот на изложбата.
Извор: Patriarhia.ru
Извор: МПЦ
Во сабота, на 17 ноември 2007 година, Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II отслужи бдение во храмот на Христос Спасителот во Москва, во сослужение на голем број архиереи од сите помесни Православни Цркви. Инаку, на овој ден се навршија 90 години откако на помесен собор во Москва повторно е востановена Руската Црква во Патријаршија. Во храмот на Христос Спасителот во Москва на 18 ноември 1917 година востоличен е за новоизбран патријарх Московски и на цела Русија Тихон (Белавин), кој е прогласен за Светител во 1989 година. По бдението патријархот Алексиј зборуваше за светиот патријарх Тихон и на сите им го препорача него да го имаат за пример во истрајноста во верата.
Наредниот ден, на 18 ноември 2007 година, Рускиот патријарх отслужи Света Литургија во сослужение со повеќе митрополитот од Руската Православна Црква и со други претставници од Помесните православни Цркви. Во својата беседа Патријархот Алексиј II зборуваше за личноста на свети Тихон и за неговото време, а особено ги нагласи неговите подвизи кои допринесоа Руската Црква повторно да биде Патријаршија. Патријархот повторно потсети на 17 мај 2007 година кога во храмот на Христос Спасителот беше потпишан актот за воспоставување на канонско единство на Руската Православна Црква.
извор: Патриархиа.ру
Преземено од сајтот на МПЦ
ЧУДОТВОРНАТА
КОРЕНО-КУРСКА ИКОНА НА БОГОРОДИЦА ПРИСТИГНУВА ВО СИДНЕЈ НА 24 АПРИЛ известува: Иван Тодороски
23 Apr 07 Miracle-working Kursk-Root Icon of the Mother of God arrives in Sydney on 24 April
His Grace Archbishop Hilarion will arrive back in Sydney on Tuesday 24 April bringing with him the Miracle-working Kursk-Root Icon of the Mother of God, the Protectress of the Russian Diaspora. Everyone is invited to attend
A Molieben and Akathist to be served before the Kursk Icon at the Archbishop’s Chapel, Chelmsford Avenue, Croydon at 6.00pm on Wednesday 25 April
The Icon will then travel to Brisbane and an itinerary will be arranged for visits to other parishes in Australia . There will certainly be opportunities to venerate the Holy Icon in Sydney after the itinerary has been finalised.
Please let your Orthodox friends and acquaintances know of the Icon’s visit – all are welcome to venerate the Holy Icon and to ask for the intercession of the Mother of God.
From: Ivan Todoroski
|
Тирана /27/11/ 16:50
Makfax
Автокефалната Православна Црква (АПЦ) во Албанија е целосно грцизирана, оценуваат албанските медиуми по вчерашното назначување на Грк за нов митрополит на Ѓирокастро
Митрополитот Димитри Синематис е трет висок свештеник во АПЦ кој има грчко државјанство. Назначувањето со верски обреди во црквата Света Влахија во Ѓирокастро го изврши поглаварот на АПЦ, архиепископот Анастасиос. Митрополијата Ѓирокастро ги опфаќа и Пермет, Саранда и Тепелена.
Според медиумите, назначувањето на новиот митрополит од страна на неколку грчки радио станици кои се слушаат и во јужна Албанија, било искористено за зајакнување на грчката пропаганда во Албанија.
Архиепископот Анастасиос, исто така, има само грчко државјанство, а официјална Тирана и покрај неговите барања, до сега му нема дадено албанско државјанство, истакнуваат медиумите во Тирана./крај/мн/ил/б
|
Теофил (исто Теофилос) беше избран како 141 примат на Православната Црква на Ерусалим на 22 Август 2005. Теофил, кој претходно ја носеше титулата Архиепископ на Тавор, беше едногласно избран од Ерусалимскиот Синод да го замени претходникот - Иринеј I. Неговата титула стана: „Патријарх на Светиот Град на Ерусалим и цела Палестина, Сирија, зад реката Јордан, Кана Галилејска и Светиот Зион“.
Се смета дека Теофил е сеуште наклонет кон неговиот претходник, и тој факт може да му помогне во стабилизирање на Патријархатот соочен со доста проблеми. Оваа наклонетост може да доведе до зближување на Синодот со поддржувачите на претходникот –Иринеј.
По изборот Теофил изјави: „Во последните неколку месеци имавме многу проблеми, но со Божја помош ќе ги надминеме“.
Теофил потекнува од Месина, Грција. Во 1964 година тој заминува за Ерусалим и служи како архиѓакон за тогашниот Патријарх Бенедикт I. Од 1991 до 1996 тој е свештеник во Кана во Галилеја, каде што претежно живеат Израелски Арапи. Таму тој ја формира групата Нур ал Масих (Светло Христово), кое ја шири Православната Христијанска вера низ целиот регион.
Во 1996, Теофил беше еден од свештениците кој после долги векови навлегоа во затвореното Вахабијско Исламско општество на Катар, област која историски припаѓа на Православната Црква на Ерусалим и каде многу Палестински мигранти работат и живеат денес. Голем број од нив се Православни Христијани. Од тука, Теофил служи како Егзарх на Светиот Гроб во Катар. Од 2000 до 2003, тој беше пратеник во Московскиот Патријархат.
Критичарите на Теофил, тврдат дека тој бил миленик на Израел и поврзаност со Американски функционери, како што е бившиот шеф на ЦИА Џорџ Тенет, со кој многупати се има среќавано преку грчкото лоби во САД. Исто се тврди дека и Американската државна секретарка Кондолиза Рајс има одржано состанок со Теофил на нејзино барање за време на една од нејзините скорешни посети на Израел. Исто така е забележано дека тој, како Супериор на Светиот Гроб, скоро и да не им ги покажува Светите места на овие високи гости. Сосема спротивно постапил за време на посетата на Путин и некои други високодостојници.
Пред да стане Патријарх, Теофил кратко служел и како Архиепископ на Тавор. На ова место бил ракоположен од тохашниот Патријарх Иринеј во Фебруари 2005.
Теофил студирал Теологија на Атинскиот Универзитет и заминал да докторира во Лондон. Покрај својот грчки јазик, зборува англиски и арапски јазик.
Неговата Светост Теофил III беше официјално интронизиран за Ерусалимски Патријарх и сета Палестина на 22 Ноември 2005. На тој чин присуствуваа високи црквени и секуларни делегации. Меѓу гостите беше и петседателот на Грција, како и бројни представници на дипломатскиот кор и воени аташеа.
Други Патријарси кои го носеле истото име биле Теофил Први, кој служел како Патријарх од 1012 до 1020 и Теофил Втори од 1417 до 1424.
Патријархот Теофил го превзеде водството на Ерусалимската Црква во многу тешко време во нејзината историја. Политичката ситиација во Средниот Исток и деликатноста на односите со Палестинските политички водачи, со државата Израел и со Кралството Јордан, ја прават улогата и местото на Патријархот и Патријархатот многу тешка. Неодамна, Израел одби да ги обнови визите на многу грчки свештеници, што може да доведе до сериозна криза во тамошниот клир, бидејќи повеќето свештеници и монаси се Грчки државјани.
(Преведено од Википедија)
Соработник на ПреминПортал
На првата недела од Велигденскиот Пост, кога Црквата ја слави победата над иконоборците, според традицијата на православните заедници во главниот град на Велика Британија, се одржа сеправославна Вечерна Богослужба во рускиот катедрален храм во Лондон посветен на Успението на Мајка Божја.
Како и секогаш, сослужуваа претставници од клирот на сите помесни Православни Цркви кои имаат свои заедници тука, а се служеше и пееше на многу различни јазици. Пригодно слово кажа Епископот Диоклиски Калист (Вер) од кое ви пренесуваме извадок:
„... Само низ носењето на Крстот можеме да се удостоиме со радоста на заедничарењето. На секоја неделна утрена, после читањето на Евангелието велиме: со Крстот радоста дојде за сиот свет. Само низ Крстот можеме да се здобиеме со радоста на заедништво во Верата.
А што можеме јас и вие да сториме лично, како можеме да придонесеме на оваа победа на Православието, на оваа победа на заедницата? Што може секој од нас да стори за да се намали насилството, да се создаде мир и заедница? Го наоѓаме одговорот во Посланието на Св Апостол Јаков (Глава 4): „Раздорите и расправиите меѓу вас од каде потекнуваат? Нели потекнуваат од виењето на страстите што војуваат внатрево вас? Она што Апостолот го вели тука е дека надворешното зависи од внатрешното. Надворешните конфликти во парохијата, во целата Православната Црква, во меѓународната политика, ги имаат како извор внатрешните конфликти во срцата на секој од нас. И следствено, надворешниот мир во парохијата, во целата Црква и во сиот свет го има својот извор во внатрешниот мир во срцата на секој од нас. Ако јас, или вие, војуваме со себе си, внатрешно поделени, тогаш ние ја пренесуваме таа војна и самоподеленост и на заедницата на која и припаѓаме, на семејството, работното место, парохијата и епархијата. Од друга страна, ако јас и вие можеме да бидеме внатрешно единствени секој со себеси, ако јас можам да бидам со полнотата на моето битие жива Икона на Светата Троица тогаш, со Божја помош и милост, јас можам да бидам жив, динамичен, креативен центар на помирување, донесувајќи полнота на секоја заедница или група на која иж припаѓам. Само ако успеам низ Христос и Светиот Дух да ги составам скршените делчиња внатре во мене, тогаш ќе го подготвам внатре во мене составувањето, реинтегрирањето на потресениот космос. Од тоа таинствено и неискажливо единство внатре во мене, ќе може да произлезе, по молитвите на Мајката Божја и сите Светии, видливо и манифестирано единство во мојата парохиска заедница, во целата Црква и меѓународната политика. Ние мораме да го содржиме внатре во нас поделениот свет и на тој начин да го надминеме во Христа. Тоа е длабоката порака за денес, Победата на Православието. Да си спомнеме за двајца светители кои точно го илустрираат она што се обидувам да го споделам со вас вечерва. Прво од св Серафим Саровски: „ Стекни внатрешен мир и илјадници околу тебе ќе се спасат„. А пак св.Исак Сирин вели: „Биди помирен со себеси, и небото и земјата ќе се во мир со тебе„. Надворешното зависи од внатрешното. Мирот мора да дојде од срцето на секој од нас, и тогаш ќе можеме да ја потврдиме, со убавина и чудење далеку над нашата свест, вистинската заедница на Православната Црква. Да се насочиме умствено нанапред, кон Пасхалната ноќ. Да си спомнеме за зборовите кои ги пееме таа ноќ: Ден е на Воскресението, да засветлиме со мир и да се прегрнеме еден со друг велејќи: Брате, Сестро, да си простиме сеж во Воскресението и да воскликнеме силно: Христос Воскресна од мртвите! Ако од денес па низ целиот Голем пост се до Пасха, почнеме да простуваме се пошироко и пошироко, како што почнавме на Прочка минатата недела, ако можеме да речеме со нова искреност на Пасхалната Ноќ: да си простиме со во Воскресението, тогаш тоа навистина ќе биде вистински триумф на Православието.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.„
Во контекст на последните случувања и потреси во Православната Црква кои непосредно го засегаат верниот народ во Р.Македонија, словото на Епископот Диоклиски е од голема полза. Потеклото на сите расколи и недоразбирања, како што е образложено од владиката Калист, треба да стане свест на секој еден од нас, ако вистински сакаме да ја живееме Воскресенската радост. Впрочем, нашите пастири веќе подолго време ни посочуваат каде да го бараме решението на проблемот...
„Ништо ново под сонцето освен Христос. Суета, се друго е само суета. И ништо ново нема да има во односите меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква се додека Богочовекот Исус Христос не стане врвен критериум на нашето пастирско дејствување, а не нашата суета. Зошто суетата? Од каде тоа високото мислење за самите себе да се појави како извор на сите внатрешни проблеми во Црквата? И двете Цркви имаат и почитуваат исто догматско, канонско и литургиско предание. Всушност се случува Една и Иста Црква, но со одделно административно организирање – заради посебните пастирски потреби на двата различни народи, македонскиот и српскиот, и заради нивната посебна државна и територијална разграниченост. Во нашиов случај се појавува внатрешно недоразбирање и судир во Една и Иста Црква, Православна. А тоа не значи ништо друго освен дека внатре-личносниот конфликт или заробеноста од страстите или суетата на повеќето од Епископите се пројавува како внатре-црковен административен конфликт. Тоа се познава и од причината на недоразбирањето и судирот...„
„Каде го гледате излезот од ќорсокакот? Излезот од ќорсокакот е во покајанието, да се почитува редот воспоставен од Светите отци на Црквата. Трите свештенички чинови мора да одговараат или да се барем приближно до трите нивоа на духовна зрелост. Ѓаконскиот чин со нивото на ‘очистување на срцето од страстите’. Презвитерскиот чин со нивото на ‘просветлување на умот’ и умносрдечната молитва. Епископскиот чин со нивото на ‘обожение на личноста’. Епископот мора да биде барем на ниво на ‘просветленост на умот’ и умносрдечна молитва. Инаку, со непросветлен ум а заробен од страстите, кого и каде ќе води? А оние што се веќе украсени со епископско достоинство а немаат соодветна духовна подготовка, барем нека ја освестат оваа своја болна состојба и нека се покајат.Секако, не е препорачливо за нив да го откриваат, а со тоа и да го потхрануваат наместо да го лечат, својот алармантен внатрешен конфликт и расцеп на личноста создавајќи расцеп или раскол во Црквата преку организирање на паралелна ерархија на веќе постоечката во Р. Македонија.„
И уште:
„Од ова восогласување на нашата внатрешна состојба со надворешниот свештенички чин што евентуално би го добиле, сигурно ќе се случат позитивни промени во животот на локалната епископска Црква, па и пошироко. Ништо од ова не може да се случи без умносрдечна молитва и просветленост на умот. А ова кој го може?„
Кој има уши да слуша, нека чуе!
известува : Марија Стефановска, соработник на ПреминПортал од Лондон 01. 03. 2007 г. |
Руската Православна Црква ќе стане подуховна и почиста
Сергеј Марков, директор на Институтот за Политички Студии
Обединувањето на Руската Православна Црква претставува крајно позитивен настан. Прво, го означува крајот на поделбата на Црвени и Бели, на Руската Граѓанска Војна и на комунистичкиот режим кој потоа следеше.
Второ, ова обединување ќе ја засили политичката улога на РПЦ. Руската Православна Црква ќе стану подуховна и почиста бидејќи нејзиниот задграничен дел си ги задржал предреволуционерните принципи.
Трето, задграничниот дел има многу парохии – нешто што всушност може да ја зајакне Руската надворешна политика.
Накратко, ова обединување промовира национално единство и ја зајакнува самата Русија.
Би сакал да истакнам дека ова исто така претставува триумф за Владимир Путин и неговиот духовен раководител, о. Тихон Шевкунов, кои беа меѓу главните организатори на обединувањето.
Од друга страна, овој триумф би можел да му се спротивстави на создавањето на Украинската Православна Црква, нешто што Јушченко и Тимошенко се обидуваат да го достигнат. Сите овие процеси се само дел од политика насочена кон повредување на интересите на Русија.
Подготвил: Б. Ѓ.
|
Предлог за прогласување на денот на соединувањето на двата дела на Руската Црква за национален празник
(13.04.2007)
Општествената палата на Руската Федерација го смета за историски настанот на соединувањето на Црквата во татковината со Руската Задгранична Црква планиран на 17 мај оваа година и предлага таа дата да се прогласи за национален празник.
По мислењето на Општествената палата соединувањето на двата дела на Руската Црква треба да стане „уште еден важен чекор на патот кон надминувањето на историскиот раскол на рускиот народ“.
„Ова е особено важно со оглед дека Црквата секогаш имала голема улога во општествено-политичкиот живот на Русија. Дури и импертарот се нарекувал „православен цар“. Под неговиот жезол, во текот на многу векови биле обединети многу православни народи: Руси, Украинци, Белоруси, Гризијци, Ерменци, Молдавци. Кон тоа се стремеле и Србите, Бугарите, Грците и другите народи на Балканот.“
Бидејќи Руската Православна Црква е најважен и неодвоив дел од руската државност затоа и нејзиното соединување е „мошне важен резултат на политиката на зацврстувањето на државата, која сега се спроведува“.
известува: http://www.pravoslavie.ru/news/070413115253
(преземено од сајтот на МПЦ) |
Прво заедничко сослужување на претставници на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Православна Црква во Швајцарија (06.06.2007)
|
|
На Велики четврток од Страсната седмица, 5 април 2007 година, Романскиот патријарх Теоктист заедно со членовите на Светиот Синод на Романската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Спиридон Нови во Букурешт. На Светата Литургија беше осветено свето Миро. Светото Миро беше приготвено во почетокот на Страсната седмица во парклисот на свети Јован Крстител, манастирот Антим - Букурешт, со исполнување на сите за тоа одредени литургиски правила. Светото Миро се употребува за тајната на Миропомазанието, за осветувањето на црквите, за осветувањето на олтарите, антиминсите и при повторно примање во православната вера на оние што отпаднале.
На крајот од Божествената Литургија патријархот Теоктист одржа беседа во која ја истакна важноста на светото Миро и на овој настан: „Не отсуствува светото Миро од ниеден дел од нашиот живот, животот на Православната Црква. Денеска ја имавте радоста да го видите тоа што вашите очи не го виделе и да го чуете она што вашите уши не го слушнале досега. Денес е голем и значаен ден што го доживува нашата Црква и нашиот романски народ. Не постои христијанин, не постои божествено дејствување без печатот на Мирото кое е елеј на радоста, на животот, на надежта, на иднината. Денешните литургиските песни, соборот на светите архиереи и светото Миро не преобразуваат, не пренесуваат од тука во небесните живеалишта. Го молам добриот Господ, по молитвите на свети Спиридон да не удостои да Го љубиме повеќе отколку овој свет, колку и да е привлечен. Да го љубиме нашиот ближен повеќе од самите себеси, да се молиме за непријателите и да се молиме за тие што не можат да се молат.“
ор: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007040525 |
Одредени датумот и местото на потпишување на Актот за канонско единство меѓу РЗЦ и МП
(29.12.2006)
Синодот на Руската Православна Црква донесе решение за датумот, местото и процедурата на потпишувањето на Актот за канонско единство меѓу Руската Задгранична Црква и Московската Патријаршија. Ова на 26 декември го соопшти митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија (ОНЦВ МП). Одлучено е Актот да биде потпишан на 17 мај 2007 година, на празникот на Вознесението Господово, пред почетокот на Божествената Литургија во храмот на Христа Спасителот, после што епископатите на Московската Патријаршија и на Руската Задгранична Црква ќе се обединат во совршувањето на Светата Тајна Евхаристија. Синодот на Задграничната Црква во проширен состав донесе аналогно решение на почетокот на декември, соопшти митрополитот Кирил. „Ставена е точка на процесот на преговорите“, изјави за медиумите претседателот на ОНЦВ МП. „Навистина, остануваат на дневен ред некои технички моменти што треба да се прецизираат и затоа нашиот Синод ја покани делегацијата на Руската Задгранична Црква пред потпишувањето на Актот за канонско единство да ја посети Москва заради разрешување на преостанатите прашања.“ Во однос на првата заедничка Божествена Литургија, владиката Кирил истакна дека „постои предлог причестувањето да се изврши според Пасхалниот чин, кога се отворени Царските двери, за сите присутни да го почувствуваат историскиот момент на заедничарење околу заедничката Чаша на претставниците на Руската Православна Црква и Руската Задгранична Православна Црква“.
Покрај тоа, Синодот донесе решение да ја отповика екскомуникацијата на двајца клирици што своевремено преминаа во РЗПЦ од идеолошки причини: епископот Ефтихиј (Курочкин) од поранешната Омско-Тјуменска епархија и свештеникот Владимир Карелин од Курганската епархија.
Известува: Седмица.Ru
|