Слепченски Патерик 14 век
Радувај се, дрво живототворно !
Радувај се, ти кое неплодно – спасение донесе !
Радувај се, ти кое неродно – во живот процвета !
Радувај се, ти кое – без крошна
човечкиот род го засолна !
Радувај се, дрво живототворно !
Радувај се, ти кое неплодно – спасение донесе !
Радувај се, ти кое неродно – во живот процвета !
Радувај се, ти кое – без крошна
човечкиот род го засолна !
На тебе адот се натакна,
На тебе страстите се распнаа,
На тебе душата се подига,
На тебе умот слободно делува.
Крсту од искона предвиден,
Жезол Аронов умудрен,
На 27.09.2019 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден,
викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија
во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица.
Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.
Накратко, Крст е кога се саможртвуваме за доброто на другите
, а не кога другите ги жртвуваме за свое добро!
Крстот е она на кое и со кое ме распнуваат,
а не она на кое и со кое јас ги распнувам другите.
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.
Носењето на нашиот крст не нѐ спасува, туку Крстот Христов и милоста Божја. Но, со носењето на нашиот крст пројавуваме мал и безначаен акт на љубов од наша страна кон Бог – дека сме подготвени да љубиме, да страдаме и дека сме ја разбрале тајната на Крстот Христов. Сѐ друго Бог ќе заврши. Ние сме немоќни; всушност, тоа и значи носењето на крстот – човек да ја признае, да ја прифати и да ја разбере својата немоќ.
Лот направи така и носеше вода од Јордан, којшто беше оддалечен еден ден одење. Но ѓаволот, преправен некогаш како преморен жеден патник, некогаш како болен старец, а некогаш како сиромашна и несреќна жена, му ја пиеше водата уште по патот. Бог се сожали на него и еднаш ја избегна таа средба и само еднаш ги навади дрвата, коишто никнаа и се соединија во едно трослојно дрво,
Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови.
Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло.
Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек.
Типикот за нас е свештен закон, којшто нè раководи во нашето православно богоугодување, преку богослужби, празници и пости. Типикот е света книга, поврзана со името на прекрасниот сад на Божјата благодат преп. Сава Осветен и е примена од Православната Црква како една од основоположителните книги. Типикот не е ништо друго, освен гласот на нашата Мајка – Црквата. И кон тој глас ние треба да се однесуваме не со небрежност,
Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ,
Честопати, ние ги помешуваме работите и мислиме, дека духовниот живот значи да си добар човек, да не крадеш, да не убиваш, да не одиш на лоши места и со лоши пријатели, да одиш во недела во црква, да си таму на славословието или барем на „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, да читаш христијанска литература.
Великиот и најпознат руски свет свештеник, отецот Јован Сергиев (Кронштадски) потекнува до свештеничко семејство, кое повеќе од 350 години давало свештеници, а токму неговиот татко ја прекинал таа традиција, но сепак, пеел во црква. Од таква свештена лоза и осветено семејство се родил малиот Јован. Во детството бил слаб, со кревко здравје, особено го измачувало тоа што не можел со леснотија да учи на училиште. Затоа, искрено, како што знаел, Му се обратил на Бога и Го молел да му помогне во учењето.
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
„Луѓето што се во болка честопати изговараат едно мачно прашање: „Зошто, Господи, зошто?“ Мислам дека не постои човечки одговор на ова прашање. Има само еден одговор: Бог зеде учество во нашата болка на Крстот Христов. Ние веруваме во распнат Бог, што значи Бог Кој беше понижен, навредуван и мачен. На џамијата на Омар, во Ерусалим, го има следниов натпис: „Никој да не изрече хула дека Бог има син“. Не многу далеку оттаму се издига ридот на Голгота,
Да се покаеш не е да гледам надолу кон моите недостатоци, туку нагоре кон Божјата љубов. Не е да се погледне наназад со самопрекорување, туку напред со доверба. Не е да видам каков не успеав да бидам, туку што сè уште би можел да станам преку Благодатта Христова.
Во посета на МАНУ престојуваше делегација на Кинеската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател, проф. Чунли Баи. Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. На работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (ANSO).
Затоа, браќа, треба да ги слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји, зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!" Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат спасение за своите души.
Милoстина нe трeба да сe дава сo гoрдeливoст, туку сo смирeниe, смeтајќи гo oнoј на кoгo му сe дава милoстината за пoдoбар oд сeбe. Зарeм самиoт Гoспoд нe рeкoл: Мeнe стe ми гo направилe oна штo стe им гo направилe на малитe и сирoмашнитe (Мт. 25:40)? Тeoфан Испoвeдник уштe какo дeтe имал прoсвeтeн ум сo свeтлината Христoва. Eднаш oдeл пo улица, па видeл нeкoe дeтe какo сe смрзнува надвoр. Тoј брзo ги слeкoл свoитe алишта и