Одговара: отец Горан Тасески
Прашање:
Како може човек да се откаже од христијанската религија и да го на некој начин избриши неговото крстење? Сакам да преминам во друга религија и сакам нов почеток, затоа би сакал на некој начин да го избришам крштевањето.Однапред благодарен
Одговор:
Возљубени мој брате , Знаете ли дека Бог е безпочетен а се друго е создадено и има свој почеток и свој крај. Семилостивиот Бог преку Светото Крштение не повикува за нов почеток . Почеток преку кој се облекуваме за живот вечен во Царството Небесно за вечн блажен живот со Господа . Преку Светото Крштение временото се облекува со вечното , распадливото се облекува во нераспадливост ,болното од гревот и смртта се облекува во здравје преку простување на гревовите . И така вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте , затоа внимавајте ако од вас го соблечете Христа Бога , ќе се види вашата срамота , за да ја сокриете ќе сакате да се облечете во облека , но во каква ?- без Христа во нечиста со таква нечиста облека човек се страми пред друг човек а да не зборуваме за срамот од нашата нечистотија кога ќе застанеме пред Христа Бога на крајот од нашиот овоземен живот, тогаш нема време ни за преоблекување ниту за повторно облекување . Тогаш е време на судот за сите наши постапки во животот .
Бидеќи Еден е Господ едно е и крштението Еден е и почетокот на нашето спасение во Христа Исуса Нашиот Господ.
Затоа никој не може да постави друга основа која е Исус Христос/1.Кор.3.11--/. Он Е Спасител и Судија! Амин!