„Деца, сакајте се помеѓу себе“.
Тоа биле зборовите со кои живеел и преминал св. Јован Богослов, и зборовите кои се оделотворувале постојано во животот на св. Јован Кронштадски. Како што велел св. Силуан Атонски за него, кога го прашале како издржувал да биде постојано со луѓе и да го зачува мирот во себеси: Св. Јован Кронштадски бил постојано со луѓе, но и постојано се молел за нив, и ги љубел, затоа мирот постојано го исполнувал.
Фала Му на Бога Кој ни дава се на спасение, така и ние отидовме во местото каде што тој живеел, служел, љубел. Неговите гроб се наоѓа во женскиот Иоановски манастир кој сам го израдил, во Санкт Петербург.
А во Кронштад, поранешното запустено градче во Русија, се нaоѓа неговата куќа, келија, од која потоа потекла река на благодатни промени во целиот свет, а особено таму. Секојдневно толпа стоела пред неговата куќа чекајќи го неговото слово...
Денеска, тој е познат и прославен во целиот свет, но малку луѓе го познале она кое тој внатрешно го живеел и сведочел... Да се молиме по неговите молитви Господ да ни даде барем малку да живееме и гледаме на се она што не опкружува онака како што тој гледал, и навистина ќе ни се открие неговото присуство во срцата наши.
За Преминпортал од Русија: Златко Дивјаковски
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/7194/136/