Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш. Душата Го љуби Господа како Татко и Создател, и стои пред Него во страв и љубов: во страв затоа што е Господ, во љубов затоа што душата Го знае како Татко. Он е многу милостив и Неговата благодат е послатка од сè. (старец Силуан Атонски)