ВТОРНИК
На смоквата која што била богата со лисја но немала плод, Бог и го одзел благословот- и таа се исушила (Мк. 11, 13-20). Тоа е поука со дело. Под смоквата се подразбираат луѓето кои што се наизглед праведни, додека по суштината на своите дела не се достојни за одобрение. Кои се тие луѓе? Тоа се оние луѓе кои што знаат прекрасно да зборуваат за верата, но ја немаат самата вера. Тие поимите за верата ги имаат само во својот ум. Такви се и оние кои се исправни само по надворешното однесување, додека по своите чувства и расположенија се многу неисправни. Тие покажуваат праведни дела се додека не се во состојба да ја скријат својата неисправност; штом е тоа можно- тие повеќе не ги прават. На пример, тие даваат милостиња кога некој проси во присуство на луѓе; но деколку просјакот е сам, тие дури и ќе го навредат. Тие одат во Црква за да му се молат на Бога; кога сите ги гледаат тие се молат, а и дома се молат за да не се посрамотат пред домашните. Меѓутоа, штом се сами- не сакаат ниту да се прекрстат. За мисловното и срдечното обраќање на Бога не ни слушнале. Ние пак се помолуваме Бог да не допушти и самите да бидеме такви. Затоа што во тој случај нема да можеме да го избегнеме судот изречен над смоквата.
http://preminportal.com.mk/content/view/7663/160/
Друго:
Зошто Христос ја проколнал смоквата?