логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ние живееме од милосрдие. Финансиската состојба на манастирот е тешка, особено откако изгореа некои од конаците. Во моментов имаме долг од 300 илјади евра. Во март очекуваме да ни бидат исплатени пари од Министерството за култура, износ што од милион евра е намален на 600.000 евра отец Партение, игумен на Бигорскиот манастир
  
 
 

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ се наоѓа во финансиска криза, со што се доведува во прашање неговото нормално функционирање, како и понатамошната изградба на Горниот палат. Загрижувачката состојба на манастирот веќе подолго време ја истакнуваат неговите монаси, кои на секој можен начин се трудат да го одржат манастирот во живот. Сегашниот долг на манастирот изнесува над 300.000 евра. Последен пат од Министерството за култура биле префрлени пари на сметка на „Бигорски“ во март минатата година.

Отец Партение, игуменот на манастирот, вели дека веднаш по пожарот пристигнале повеќе донации, кои во последно време затајуваат, иако акцијата за обнова на манастирот сé уште е активна.
- Ние живееме од милосрдие. Финансиската состојба на манастирот е тешка, особено откако изгореа некои од конаците. Во моментов имаме долг од 300 илјади евра. Во март очекуваме да ни бидат исплатени пари од Министерството за култура, износ што од милион евра е намален на 600 илјади евра. Се молиме за поголема солидарност на нашите браќа и сестри верници - објаснува отец Партение.

Во манастирот има триесет монаси, заедно со десетте монахињи од женскиот манастир во Рајчица. Во „Бигорски“ престојуваат триесет наркозависници, кои во монашкото братство го лекуваат порокот. Деновите ги минуваат во повеќечасовни богослужби и во извршување на работите во манастирот.
Предупредувањата за лошата финансиска состојба монасите неколкупати ги доставиле до Синодот на Македонската православна црква-ОА. Од МПЦ-ОА го премолчеа прашањето дали ќе има конкретни мерки за тешката состојба на „Бигорски“.


 

Според црковни извори, за помош на Бигорскиот манастир повардарската епархија донирала 25.000 евра, владиката Тимотеј дал 80.000 евра, струмичката епархија пет илјади евра, а владиката Климент, кој нема своја епархија и големи приходи, ја донирал месечната плата. Сто илјади евра биле собрани од верници, кои донирале на жиро-сметка или по телефонските линии.
На официјалната веб-страница на Бигорскиот манастир, побудени од извесни невистинити гласини, кои се однесуваат на финансиската помош за Бигорскиот манастир од македонската дијаспора во Австралија, САД и во Канада, монасите даваат прецизно известување за донациите што во изминатиот период пристигнале на адреса на „Бигорски“.
Преку владиката Петар, од австралиско-новозеландската епархија пристигнале вкупно 5.550 австралиски долари. Независно од управата на оваа епархија, пристигнале донации од Македонците во Австралија преку Ник Ристески, кој собрал 13.850 австралиски долари, храмот „Св. Димитриј Солунски“ од Волонгонг подарил 4.000 австралиски долари, а од градот Перт во Западна Австралија се принесени 8.690 австралиски долари.
Од Македонците во Австралија, пак, кои самоиницијативно се организирале да му помогнат на Бигорскиот манастир, биле собрани вкупно 26.540 австралиски долари.

Преку американско-канадската епархија на МПЦ-ОА, предводена од митрополит Методиј, за Бигорскиот манастир биле подарени 6.000 канадски долари и 5.250 американски долари. Независно од управата на оваа епархија, храмот „Св. Петар и Павле“ од Краунпоинт му подарил на Бигорскиот манастир 4.000 американски долари.
Отворените телефонски линии за донација на манастирот се: 070/075/078/ 143-444.
 
   
Автор: Радмила Заревска

Нова Македонија

 

Помош за Бигорскиот манастир (1.10.2009)  

Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки: 

денарска жиро-сметка:

500-000000-3835-65

Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија

Бигорски манастир Свети Јован Крстител

IBAN MK07500701000133139

Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола

SWIFT STBBMK22

 Телефони за донација:

070 / 075 / 077  143 444


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная