3.angeli.so.truba

Скопје, 19ти јуни 2020 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром

 3.angeli.so.truba

На 19и јуни 2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Преподобен Висарион ; Преподобен Иларион Нови;Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана 

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Во првата недела по Педесетница, на  19ти јуни 2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на Преподобен Висарион ; Преподобен Иларион Нови;Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана  , во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот   Александар Брајановски  отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни.И во овој петок во храмот се отслужи мал петочен водосвет.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец

3.angeli.so.truba


Мислам дека е многу тешко после сета жртва што Христос ја направи за нас, да завршиме во пеколот и повторно да Го растажиме. Затоа, она што ќе нe задржи од гревот за да не отидеме во пеколот, подобро би било да не е огнот од пеколот кој нe ужаснува, туку големата усрдност и огнената љубов спрема нашиот Доброчинител Христос. Накратко, од љубов не би требало да одиме во пеколот, за да не Го ожалостиме Христа. Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е, пак, на молитвата да и претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108, 7)

 

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 

 

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

 

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 

 

 19ти јуни 2020 лето Господово