Ниту некогаш, па ниту сега, не може да се негира дека Солун не е татковина на првото наше и сесловенско писмо, составено врз основа на говорот на тогашните тамошни жители. И токму затоа, Солун, духовно и културно, ни припаѓа нам и на сите словенски народи во сите времиња. Оттаму сосема е поинаква пораката, изречена во Словото на Поглаварот на Македонската православна црква на молебенот на свети Кирил во Рим и таа искучува било какви „територијални претензии” и е намерно злоупотребена со тоа што зборовите се грубо извадени од нивниот непосреден контекст. Од тие причини, тој дел го повторуваме во целост:
Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град сè е пепел и прав и нема слобода ни за книга, ни за буква ни за слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, во ова наше време, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време. Светителе, денес е сè урнато од она што би потсетило и на тебе и на нас, и во Солун, и во Кукуш, и во Лерин, и во Костур. Таму не само живите, туку и покојните немаат мир...
Колку би биле среќни да чуеме барем еден противаргумент, дека барем нешто од ова не е точно...
ОД КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ
Посети: {moshits}