Пред да падне мракот учениците Му се приближиле и Му рекле: Овде местото е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна. Спасителот намерно чекал да види што ше направар Неговите ученици. Тие веќе биле Негови вистински следбеници затоа што се сложиле за народот кој заборавил на храната и на пиењето за да Го слуша божествениот Учител. Но, за д аим покаже дека без Него ништо не можат да извршат, Он им рекол: Нема потреба да одат ; дајте им вие да јадат! Дури да носеле цел караван со намирници за себе тие не би можеле да нахранат толкаво мноштво благочестиви христијани, бидејќи само мажи биле повеќе од пет илјади освен жените и децата. Но тие немале доволно храна ни за себеси. Нашле само пет леба и две риби. Христос наредил да Му ги донесат. Погледнал кон небото, ги благословил и им ги дал на учениците да ги разнесат по народот. Сите јаделе и се настиле. По тоа чудно нагостување собрале двнаесет кошеви полни со останати парчиња.
Во денешното прочитано евангелие прво остава печаток ревноста и потребата на народот за духовна храна. Илјадници народ, и тоа од селата и малите градчиња од околината со своите жени и деца си ја оставале работата, ги заборавиле секојдневните грижи и тргнале да го следат Христа по пустите места каде што се повлекол Он. Можеби, некој ќе каже дека, ако денес дојде Христос меѓу нас и ние ќе оставиме се и ќе појдеме кај Него. Но тоа не е вистина. Денес многубројни толпи се собираат на натпревари, на борби и на други гледалишта или одат масовно да ги слушаат они што ветуваат земни богатства и земна среќа. Христос не е далеку од нас. Неговото слово и денес се проповеда. Ако не можеме да најдеме доволно време редовно да ги посетуваме богослуженијата во храмот, за тоа самите сме виновни.Секој може да го распредели своето време и да најде доволно време за духовна храна. Ако не можеме да одделиме толку веме за својот дух, колку за телото, би можеле барем да одделиме еден ден во седмицата за да го нахраниме духот со Божјото слово. Но ни за него не се интересираме.
Ако ги прашате некој од тие кои не сакаат да читаат и да слушаат Божјо слово -, Зошто не читате свето евангелие?, тие ќе ви речат: ,,Немаме време да се занимаваме со тие прашања; ние сме зафатени луќе со многу важни лични и општествени работи; времето исклуиво ни е исполнето со тоа како да го нахраниме своето семејство. Библијата нека ја читаат они кои живеат по манастирите и пустините, но не и ние кои сме занаетчии и сме претрупани со толку многу грижи и немири. Тоа не е за нас...
Второ благочестиви христијани, уште поважно во денешното евангелие еоколноста дека Спасителот не ги оставил гладни оние кои се решиле да Го следат и да си го нахранат духот со Неговото слово. Он на чудесен начин ги наситил. и на многу други места во Евангелието не уверува дека, ако прво го следиме царството на Бога и Неговата правда, се друго ќе ни се даде (мт. 6: 33). Благочестиви христијани, ние прво сакаме да ги следиме земните богатства и задоволства, и дури на крајот, ако ни остане време, попатно да помислиме и за Божјото царство. Некои, пак, низ целиот живот не помислуваат на Бога и за Неговото царство и повеќе сакаат да живеат само за овој свет како животните.
Браќа и сестри, Христос и денес го проповеда бесмртното слово на вечниот живот. Он и денес дели изобилна храна и пиење за сите кои имаат потреба од Него. Ако појдеме како оние пет илјади души да го слушаме Неговото слово и ако го исполнуваме, Он нема да ги остави неисполнитеи нашите телесни потреби. Нашиот небесен Отец подобро знае од нас какви ни се поптребите и болките. Он е многумилостив, макер што сме грешни, Он секогаш е готов да ни дојде на помош, само да се обратиме кон Него. Затоа почесто да Го следиме, да го слушаме и да го читаме Неговото слово и Он ќе ни даде во изобилие храна и за телото и за душата.
А М И Н !