логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 03.jpg

Елате, благословени од Мојот Отец...

22 февруари/6 март 2016 лето Господово
Недела Месопусна, за Страшниот Суд

01.jpg

02.jpg

Со третата подготвителна недела пред почетокот на Светата Четириесетница, Неделата на Страшниот Суд, благиот наш Спасител нè воведува во Царството Свое, во Црквата на првородните, откривајќи ни го во приказна Своето повторно, величествено доаѓање и востановувањето на Својата вечна слава. Оваа приказна е своевидна икона, едно видение на Второто Христовото Пришествие: ни Го прикажува Бога како седи на небесниот престол Свој и суди, не според Својата правда, туку смиреноумно, наградувајќи ги едноставните, милостивите и смирените. И токму тоа беше пораката која произлезе од просветената беседа на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, што ја збогати манастирската трпеза со благодатна духовна храна.

13.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, во неделата на Страшниот Суд

„Минатата недела, мили мои, Црквата, преку параболата за Блудниот син, ни напомна за огромното Божјо милосрдие, за Божјата неизмерна и безусловна љубов и простување. Денес, пак, ни се даде можност, повторно преку зборовите на Самиот наш Спасител, Господ Исус Христос, да погледнеме низ завесата на времето, во таинственото предвестување за крајот на светот, за Христовото страшно и славно доаѓање, како и за Судот кој ќе се случи (Мт. 25: 31-46). На самиот есхатон, на самиот крај од времето, Господ повторно ќе дојде на земјата, но овој пат во сета Своја слава и величие, и ќе седне на престолот Свој како Цар и Судија, да суди секому според делата негови. Со оваа потресна иконографска претстава од зборови, Господ сака да ни укаже дека колку што е милостив, толку е и справедлив. Но што значи тоа справедлив? Дали Божјата правда би можеле да ја изедначиме со човечката правда? Ете, ние луѓето на земјата многупати бараме некаква правда и сакаме насекаде таа да се спроведува. Што би рекле, гладни сме за правда, ама човечка правда. Но, честопати се покажува дека човечката правда, всушност, е една голема неправда. Односно, ние обично бараме правда само тогаш кога ние самите сме онеправдани, и на секој начин посакуваме да го стигне зло оној кој нас нè онеправдал. А кога ние самите онеправдуваме, е тогаш гледаме некако да ја сокриеме правдата. Но, што вели Господ? Оние вистински онеправданите, кои овде на земјата трпат многу беди и злочестие, и се жедни не за човечка, туку за Божествена правда, на крајот ќе бидат наситени: Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат (Мт. 5: 6) А ќе се наситат токму на овој Божји праведен суд. Ги слушнавме пред малку Господовите зборови: сите луѓе од почетокот на времето па до денес ќе воскреснат, за Бога сè е можно, значи ќе воскреснат со нивните тела, и тогаш Он ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите, и ќе го започне Својот суд. Но, еве, гледате, дури и на праведниот Суд Божји доаѓа до израз и преовладува огромната милост Негова… Јасно се покажува дека правдата Божја е всушност милоста Негова, дека Он суди не според некаков таксативен закон за отплата поради гревовите, туку според милоста Своја, која се јавува како главен критериум за Неговата конечна пресуда. Страшниот Суд е прикажан како торжество на љубовта, а не на одмаздувањето и казната. Гледаме дека Бог не ги создал луѓето за судско наказание, туку за да го наследат Царството Негово, заедницата со Него. Затоа и им вели на тие од десната страна: Елате, благословени од Мојот Отец... Иако поканата е од Царот лично, сепак Он се обраќа со зборовите: Елате, благословени од Мојот Отец..., го нагласува Својот Отец за да ни покаже дека ние примивме посиновение од Бога Отецот преку Исуса Христа, дека сите ние сме всушност Христови браќа (в. Гал. 4: 4-7). И следните зборови ја откриваат сета Негова огромна милост и љубов, и возвишена промисла за нас, луѓето; откриваат дека Он создал Царство за сите луѓе што ќе го прифатат. Па вели: наследете го Царството, приготвено за вас од почетокот на светот. Значи, Бог го создал човекот да живее во постојана заедница со Него и да биде Негов сопричесник и сожител. А кои се тие што ќе застанат од десната страна на Бога? Како што рековме, тие кои Го прифатиле, кои Го негувале Христос во себе. Христос, Кој ни се дава на Крштението, бидејќи секој Христијанин што се крштева се облекува во Христа, како што вели Св. Ап. Павле: Сите што во Христа се крстивте, во Христа се облековте (Гал. 3: 27) Така, Христос е Оној, Кој треба да живее во нас, да си има дом во нашето срце. Но, како би Го негувале во себе Оној, Кој со Својата Семоќна рака го пази нашиот живот и секојдневно нè храни со Своите добра? Со што би можеле да Го нахраниме Хранителот наш? Денешниот евангелски расказ отворено ни покажа дека Негова единствена храна е нашата љубов кон Него, пројавена преку љубовта и милосрдието кон ближните. Само така би можеле ние, недостојните, да Го негуваме Христос во нас, да го чуваме Божествениот Оган во нас и да не изгориме, и само тогаш би можеле да кажеме дека всушност Он живее во нас, а не ние самите. Како што кажа и Апостол Павле: И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Гал. 2: 20). Човекот кој на ваков начин Го негува Христос во себе, изобилува со милосрдни дела, преисполнет е со љубов, ги има даровите на Духот, и за таквиот, гледате и самите, накрај ќе нема суд, против такви нема закон (Гал. 5: 23). Оти на овие, милосрдните и смирени луѓе, на крајот Господ ќе им рече: гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте; странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене... А тие, пак, во својата простодушност и смирение, ќе Го прашаат: „Кога, Господи, го направивме сето тоа?“ Такви се секогаш смирените и христоподобни луѓе, тоа е одлика на сите праведници. Тие никогаш не сакаат да се фалат со своите дела, и тоа им е сосема природно, едноставно така чувствуваат. Впрочем, тие не ни мислат дека имаат некакви добри дела, туку знаат дека секој добар дар и секој совршен подарок иде одозгора, доаѓа од Отецот на светлината... (Јак. 1: 17) преку Синот и Словото Божјо. А тоа е затоа што Му оставиле на Христос простор во нивните срца. Ете, таков е вистинскиот Христијанин. Некој кој Му оставил простор на Христос во своето срце, а со тоа оставил простор за Неговата безгранична љубов, за Неговото безгранично милосрдие. Да имаше повеќе такви вистински Христијани денес, светот уште тука ќе се претвореше во рај. Но, за жал, не сите се такви. На Судот ќе има и некои што ќе застанат од левата страна на Господа и Он ќе им рече: гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте... И веднаш следува оправдување од луѓето кои Го заборавиле Христос, кои Го убиле Христос во себе, кои секогаш во својата околина се гледале само себеси, своето его, а ближните и пријателите ги гледале само како средства за постигнување на своите егоистични намери, односно како начин да стигнат до посакуваната цел, па макар и крајно да ги злоупотребат. И таквите, гледате, сега самите се оправдуваат, велејќи: „Кога Христе, кога Господи, Те видовме во затвор, или гладен, или жеден, или необлечен...?“ Затоа Он праведно ќе им пресуди, или поскоро ќе им ја искаже пресудата што самите тие, по слободна волја, си ја донеле: Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели. Со тоа Господ како да сака уште еднаш да ни потврди дека Он не го создал човекот за смрт, ниту за да биде протеран, туку вечно да живее со Него и да пребива постојано во Неговата заедницата на љубовта, бидејќи не вели дека вечниот оган бил приготвен за човекот, ами за ѓаволот и неговите ангели. Но, овие луѓе, за жал, сами си ја припишале на себе таквата осуда. Истото ќе биде и со нас, доколку постојано Го убиваме Христос во себеси. Ако не љубиме, нема ни да бидеме љубени. Ако не сме милосрдни, нема да бидеме помилувани. Оти во петтото блаженство се вели: Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани (Мт. 5: 7). И пак ќе речам, слободно можеме Божјата праведност да ја поистоветиме со Неговата неизмерна милост; оти на крајот на краиштата што бара Господ од нас? Он не бара ниту многу пост, ни некои особени подвизи, иако и тие се од голема полза за нашата душа, бидејќи ни помагаат да ги стекнеме добродетелите. Но она што Он најмногу го бара од нас е милосрдието, милосрдност кон сите околу нас. Ете колку малку е доволно за и ние да станеме Божји пријатели, за Он на крајот да нè препознае како Свои, како благословени од Неговиот Отец. Затоа ајде да почнеме од себеси. Да почнеме да Го негуваме Христос во себе, за да можеме да кажеме дека Христос живее во нас. Зашто пред нас е поставен избор и ние сме тие кои одлучуваме: ќе бидеме со Христа или против Него, односно ќе почнеме ли да го живееме уште сега рајот во нас, или, за жал, пеколот. Денешниот приказ на Судот Божји, исто така ни покажа дека и оние од десната страна на Христа, а и многумина одлево Нему, несомнено Го познавале Бога, бидејќи гледаме дека разговараат со Него, но едните биле само формални Христијани, убијци на Христа во себе и предавници, а другите биле тие, кои покрај своите многубројни слабости и гревови, сепак се труделе да Го љубат Христа, да Го бараат Христа во себе, и да Му остават простор на Христа во себе. Да му оставиме и ние простор на Христос во нашето внатрешно битие, за да може да нè преобрази. Амин!“

05.jpg

06.jpg

 09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

 14.jpg

 Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная