Песна 5
Ирмос: Поранувам кон Тебе Кој, поради Твоето ми-лосрдие, си се понижил неизменливо, дури и до страдања, бестрасно Слово Божјо; мир подај ми мене паднатиот, Човекољупче.
Откако им ги изми нозете и се очистија сега со причестувањето со Твојата божествена тајна, Христе, служителите од Сион се искачија со Тебе на Елеон-ската гора, пеејќи Ти, Човекољупче.
Не плашете се, пријатели, зашто сега наближи часот да бидам фатен и од рацете на беззакониците да бидам убиен: сите вие ќе се разбегате, откако ќе Ме оставите. Но Јас ќе ве соберам, за да Ме проповедате Мене, Човекољубецот.
Кондак, глас 8: Дојдете сите да Го воспееме, заради нас сите Распнатиот, зашто Марија Го виде Него на крстот и велеше: Иако трпиш и распнување, Ти си мој Син и Бог мој.
Икос: Марија, гледајќи го своето Јагне, водено на колење, го следеше заедно со други жени, викајќи вака: Каде одиш, Чедо? И зошто брзаш? Зар и друга свадба има во Кана галилејска, па таму сега брзаш, од вода вино да им направиш? Да одам ли со Тебе, Чедо, или да Те причекам? Дај ми збор, Слово (Божјо) и, молчејќи, не одминувај ме, Ти, Кој чиста ме сочува, зашто Ти си Син мој и Бог мој.