“ Ние, за овој свет во кој сме родени, сме приврзани со цврсти синџири на сродство. Ние го сакаме; во неговите граници ја градиме нашата вечност. Меѓутоа, ние во него и страдаме: тој е тесен за љубовта што ни е заповедана. Ние не можеме да не го сакаме овој свет, но тоа не значи дека треба да одиме по неговите патишта, те. по патиштата на паднатиот свет.
- Ние не можеме да не го сакаме светот - меѓутоа, кога копнежот по него, ја победува нашата љубов кон Бог, должни сме да најдеме сила во себе, да постапиме како Авраам: да земеме во рацете оган и нож, и да го принесеме на жртва она што ни е најмило - поради славење на љубовта Божја во нас...“ - Старец Софрониј
Избор. Моника Николова