Епископот Калистос одговара на прашањето за односите помеѓу Црквата и нацијата во едно интервју.
Првото нешто што ми доаѓа во умот и ништо изненадувачки оригинално во она што ќе го кажам сега е, ние православните мораме да размислиме во врска со релациите помеѓу Црквата и нацијата, и помеѓу верата и етничката култура. Признаваме дека во последните 10 векови во многу делови од православниот свет, универзалноста на Црквата, нејзината соборност, беа помрачени од силна национална приврзаност, и дека луѓето понекогаш се сметаат себеси Грци, Срби или Руси повеќе отколку што се сметаат како Православни соборни христијани, и така Црквата често беше искористувана од националната агенда. Ова сѐ уште се случува во Русија, на пример, и Украина; таму има огромен пораст на национализмот кој следеше по падот на комунизмот. Исто така има и повторно оживување на верата, но таму има опасност од претесна поврзаност која се направи помеѓу националниот идентитет и тоа, да се биде крстен христијанин. Затоа, мислам дека треба да работиме на тоа, но Црквата е искористувана и станува општ инструмент за национална програма.
Се сеќавам на еден грчки професор пред повеќе години, кој се викаше Каламирис, рече: „Строго говорејќи не треба да зборуваме за Грчка Црква, Руска Црква, Српска Црква, ние треба да зборуваме за Православната соборна црква во Грција, за Православната соборна црква во Русија, во Србија, бидејќи прво нешто е „,Верувам во едната, света, соборна и апостолска Црква’“.
Но, националните вредности се многу скапоцени; јас не сакам да видам безличен православен космополитизам кој не се залага за ништо посебно. Ние не смееме едноставно да ги фрлиме во вода сите традиции и да речеме „ајде да бидеме само христијани“, христијанството треба да се воплоти, во посебна култура. На пример, еве една чаша со вода, битно е што водата е во чашата, но јас не можам да пијам вода без чашата. Понекогаш може да отидам кај планинскиот извор и да се напијам од таа вода, но јас не можам да го правам тоа секој ден, особено овде во Вичита, Америка, и на многу други места. Сега, од црковен аспект битна е живата вода во православната соборна вера, но националната култура често дејствува како чаша, та ние да можеме да ја примиме водата. Затоа не смееме да брзаме премногу во Америка со отфрлање на сите национални традиции, бидејќи, на крајот на краиштата, Америка има свој идентитет, но не е јасно што значи тоа, да се биде Американски православен, на начинот на кој е кристално јасно што значи да се биде Српски православен, Романски православен, Арапски православен итн. На тој начин, не смееме да дозволиме националните традиции да доминираат и да нѐ ограничуваат, туку ние треба да ги искористиме.
Интервју со епископот Калистос Вер, кое се случило во Вичита, Америка.
Превод од англиски јазик:
Свештеник Јани Мулев
Преземено од:Амвон
17-јули. лето Господово 2014
- Друго: