Црквата не е нешто во кое што некогаш си учествувал,
па си престанал. Тоа не е запознавање со некоја програма, за која едно
време си поврзан, а подоцна ослободен од обврските.
Црквата е начин човекот егзистенцијално да се изрази во историјата со онтолошко определување во Христа. Но слободно.
Не можеш да излезеш од Црквата, а тоа да не произведе верижни реакции во сите твои односи со тебе, луѓето и Бог.
Објективноста се стекнува со учеството во Литургијата, а не со
излегување од неа. Тоа не е влегување во продавница, туку сосема нов
начин на постоење.
Никој не може да суди за тоа што чини, а што не чини однатре, ако сам не
е внатре. Затоа многумина сакаат да ја модифицираат Црквата спрема
себе, наместо самите да се изменат преку неа во Христа.
Можеби затоа, доменот на светоста на многумина им остана загатка.
Црквата отсекогаш е иста, затоа што отсекогаш е ист Синот Божји во
Евхаристијата и Духот Свет Кој ја принесува одново на Бог Отецот преку
народот Божји.
Значи, кружна синергија.
Заради загубата на чувството за вера дека Синот во Евхаристијата е
реално присутен и дека Духот Свет е во Собранието, Црквата се
извитоперува во доживувањето како социо - политички апарат или во
најдобра рака, како институционално - морален организам. А тоа секогаш
фрла дамка на појавата на Црквата во историјата во некоја сентиментално -
традиционалистичка смисла.
Зашто, таа самата не е втемелена на таквата не-благодатна пројава, туку токму спротивното...
Преведе М. Даниловска
http://upodobljavanje.wordpress.com/2011/03/25/%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0/|
1-ви март, лето Господово 2014