логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


2/15 јануари 2014 лето Господово,
Св. Силвестер, папа Римски и Преп. Серафим Саровски

00.jpg„Пријдете, собори на верните, со пофални песни денес прекрасниот отец да го прославиме и заедно да му воскликнеме: Преподобен отче Серафиме, ти навистина со божествен живот си се удостоил и од Бога венец на неминливата слава да примиш. Затоа Саровската обител со тебе се фали. Луѓето, пак, гледајќи го кивотот со твоите мошти и чудеста што од него стануваат, Го слават Господа Кој во тебе се прослави: Него моли Го, отче преподобен, да им дарува на душите наши мир и голема милост“

(Слава на „Господи, воззвахъ...“)

Божествена заповед за секој христијанин е да живее „достојно за Бога“ (Кол. 1, 10), Кој од неискажливо човекољубие се роди од Пречистата Дева и како Богочовек благоволи Целиот да пребива во Црквата Своја. А да се живее „достојно за Бога“, тоа значи да се живее според Евангелието Христово. „Живејте само достојно за Христовото Евангелие“ (Фил. 1, 27). Животот според Евангелието, таа Книга на радоста, живот свет, живот божествен, бесконечен – тоа е сосема природен живот за секој христијанин. Со посредство на верата и светотаинскиот живот во Црквата, христијаните духовно и благодатно се соединуваат со Господ Исус Христос и од Него добиваат божествени сили да водат свет живот. Живејќи со Христа, светиите ги творат делата Христови, зашто со Него тие постануваат не само моќни, ами и семоќни: „Сѐ можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи“ (Фил. 4, 13). И на нив јасно се исполнуваат зборовите на Вистинитиот, дека оние што веруваат во Него ќе ги вршат делата Негови, а и поголеми од нив: „Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши“ (Јн. 14, 12).

Гледајќи ги чудесата на преподобниот Серафим Саровски, што како бујно разгранета лоза ја осенуваат целата земја, кој здраворазумен би се осмелил да помисли дека овие Спасителови зборови се недејствителни? Зашто голема и преголема е славата на светиот Сарвоски Старец поради „чудесата што од него стануваат“. И „затоа Саровската обител со него се фали“. Но не само над својата „возљубена пустинка“ во Саров и Дивеево тој го спрострел својот татковски благослов... Ете, тој триблажен „избраник на Божјата Мајка“ стана пофалба и на нашата света Бигорска обител! Самиот тој милостиво во срцето на нашиот старец, архимандрит Партениј, вдахна желба во Бигорското вековно светилиште да му подигне храм, прв во македонската земја. А кога на неговата небесна љубов и застапништво, милиот ни старец возврати со иста мера, Божјиот Серафим испрати благослов за целиот наш верен народ – делче од неговите најсвети и чудотворни мошти.

02.jpg

03.jpg

05.jpg

„Луѓето, пак, гледајќи го кивотот со твоите мошти и чудеста што од него стануваат, Го слават Господа, Кој во тебе се прослави“. И како би можеле да не Го славиме, кога ни подарил таков голем и пламен застапник за нас, грашните, кога ни те дал нам како утешител, наставник, извор на радост!? Затоа, прими ги, највозљубен отче наш Серафиме, молитвите што утрово на светото богослужение ти ги принесовме од нашите срца; прими ја како наш мал скромен дар и литијата со твојата чесна икона и светите мошти, што ја направивме со срдечни молитвословија во твоја чест, од соборната манастирска црква на светиот Крстител до твојот новоизграден храм во скитот; прими го и тој храм што ти го принесуваме за твоја слава и слава на православна Русија, и самиот ти, со твоите молитви, благоукраси го тоа светилиште; спомни си, милостив светилнику, и за подвигот на верните што допатуваа од Скопје и од други краишта на нашата таковина за да го прослават заедно со нас твојот свет спомен, и по нивните молитви и молитвите на сите што те љубат благослови ја оваа православна земја и народот што во неа живее. Ти благодариме, штедар молитвениче, за сите твои чудеса со кои нѐ спасуваш нас, недостојните, ти благодариме за твоите непрестајни и најсвети молитви, ти благодариме и за дождот што денес го измоли од Господа после долгата сушна зима. Не престанувај, свети Серафиме Саровски Чудотворче, да се молиш за сите коишто со вера и љубов те почитуваат!

  06.jpg

 08.jpg 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная