Две години секојдневно, по моите послушанија, јас го читав Недремливиот (непрестајниот) Псалтир. Тоа е посебна традиција, кога во манастирот не ги прекратуваат молитвите ни дење ни ноќе, наизмечнично читајќи го псалтирот, а потоа, по посебни помјаници, се спомнуваат многу луше за здравје и упокоение.
Мојот ред доаѓаше доцна навечер, во единасет часот пред полноќ. На мојата смена доаѓаше схиигуменот Мелхиседек. Тој продолжуваше со читање на Псалтирот со два часот по полноќ.
Отец Мелхиседек беше чудесен и таинствен подвижник. Освен на богослужбите, него не можеш да го видиш во манастирот. На братската трпеза тој доаѓаше само на празници. Но и на масата седеше, наведнувајќи ја главата под великосхимничката капа, и до ништо не се допираше.
Великата схима во Руската црква – тоа е највисок степен на одрекување од
светот. Примајќи схимнички потстриг, монахот го остава сите дотогашни
послушанија, освен молитвата. Нему, како и на монашкиот потстриг,
повторно му го менуваат името. Епископите-схимници го напуштаат
управувањето со епархијата, монасите-свештеници се ослободуваат од сите
обврски, освен служењето Литургија и духовно раководење.
Отец Мелхиседек се појавуваше под сводовите на малиот и слабо осветлен
Лазаревски храм, каде што го читаа Недремливиот Псалтир, секогаш пред
манастирските камбани да означат дванаесет часот. Кај царските двери тој
полека правеше три земни метании и чекаше, кога ќе стигнам јас. Давајќи
ми благослов, тој со знак ме испраќаше, за да може да се моли сам.
Цела година тој не ми проговори ниту збор. Во древниот монашки Старечник
се раскажува: „Тројца монаси имале обичај секој ден да одат кај авва
Антониј Велики. Двајца од нив воделе со него душеспасителни разговори, а
третиот секогаш молчел и за ништо не прашувал. По долго време авва
Антониј го прашал него: ,Ете ти толку време доаѓаш и зошто ништо не
прашуваш?‘ Монахот му одговорил: ,За мене, отче, доволно е да те
гледам‘“. Во тоа време јас исто така сфатив, дека необична среќа имам
што секоја ноќ можам да го гледам овој подвижник.
Но сепак еднаш собрав храброст и се осмелив да го нарушам вообичаениот
ритуал. Кога отец Мелхиседек, како и обично, ме благослови кај царските
двери, јас му поставив прашање, со кое многумина сакаа, но не се
одлучуваат да му се обратат, веројатно сите послушници и млади монаси во
манастирот.