логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  Vasilij.Gondikakis.jpg

 Кризата во очите на еден светогорец


Архимандрит Василиј Гондикакис е грчки богослов, роден 1936 год. и поранешен игумен на светогорските манастири Ставроникита (од 1968 до 1990 год.) и Ивер (од 1990 до 2005 год.). Во моментот се подвизува во скитот на Иверскиот манастир на Атос.

Збунетоста е универзална. Сè е ставено под закана. Многу работи се уриваат и пропаѓаат. Додека гледаш едни да бегат за да се спасат, други доаѓаат за да украдат. Народот боледува и страда, но не се разочарува. Тој се радува и весели длабоко во себеси, бидејќи постои решение. Може да се најде начин и место за мир за народот подложен на испитување.

Тој живее и се радува заедно „со сите светии“ укрепуван од литургискиот живот и благодатта која се дава на верниот народ.

Бидејќи постои загриженост да се најде решение, во исто време во кое постои и јасно решение. Тоа е до нас и го живееме.

Започнуваме да решаваме решени проблеми. Ние се покажавме како неуки и неподготвени во нашата земја. Бараме помош таму каде што сме должни да ја понудиме.

Тргнуваме да избереме слаба логика и западна схоластика, додека вечниот живот и неразбирливото за разумот се воплотило во нашиот живот. Тоа ни се дава како благослов и преку него се спасуваме, станувајќи слободни.

Нашиот народ чувствува  дека по бурата на закани и по потокот на предложените решенија постои нешто неподвижно. Тоа управува сè, со увереност, која што ти дава мир.

Меѓу вавилонскиот плен  на пречки на световниот шум „тајната на беззаконието веќе дејствува“ и очигледно е дека владее на импресивен начин. Истовремено бесшумно и тајно се свештенодејствува тајната на спасението.

Додека се врие и врие помеѓу развојот на процесите, заканите и конфузијата, во исто време сè е спокојно, со решени проблеми.

Истовремено чувствуваш дека во сè постои нешто свештено и пресвето – ненадминливата супериорност на Божјата сила, која што уште денес дава сигурност на верниците за вечноста. И преку нив на целиот свет.

Таа сила е надвор од секоја паника, не се наоѓа во границите на реалноста, ниту во периферијата на индивидуалните разбирања, туку во срцето на случувањата, во срцето на верниот народ. Таа невидливо ги држи уздите и насочува сè, додека многу познати луѓе се збунети и трчаат напред – назад.

Постои едно свето „богатство“, неразрушливо и нетлено,кое што не е „од овој свет“, кое што ги спасува луѓето од Запад и Исток. Една сила, која што „во немоќта се пројавува“. Таа е воплотена љубов, која го преобразила животот и ја разубавила литургиската смрт.

Ништо не постоело претходно и не се воплотило како благословено присуство, кое што го поткрепува човекот без да му ја одземе слободата и да го лиши од можноста да учествува во болката и трагедијата на историјата. Нешто вистинско чија што автентичност се појавува сега кога се е ставено под закана.

Кога тие, што бараат да најдат решение на целиот проблем со својот ум, се загубени и занесени, „ се надеваат на Господ“ и го живеат мирот на Вистината.

По страдањата на Господ, книжниците и фарисеите биле сигурни дека прашањето за „Оној Измамник“ било решено – Тој бил осуден, распнат и погребан – тогаш Воскреснатиот Господ се појавува позади запечатениот гроб и дава мир на збунетите ученици. И сега, во хаост, верниот народ преку Црквата на таинствен начин го прима мирот од божественото просветлување, кое што ги утврдува срцата на оние што се надеваат на Господ.

Тие, што се претставуваат за силни и спасители, длабоко во себе се бедни и имаат потреба од спасение. И други, што се претставуваат (и чувствуваме) како непријатели, коишто не заплашуваат и сакаат да не уништат всушност ни прават добро. И тие самите имаат потреба од благословот и љубовта на Богочовекот.

Прашањето е да живееш во благодатта на Православната Црква за да се радуваш на животот и смртта...

Сега е различно. Нашата мултинационална држава во срцето крие божествено богатство, Православната Црква, која што помеѓу огнот на конечните искушенија гори и како темјан испушта благоухание на олеснување и духовна слобода, која што го спасува човекот, дарувајќи му нови можности, коишто го носат на друго ниво. Таа ја разубавува неговата радост и тага, слободата и ропството, животот и смртта.

Во периодот на распаѓање на нашата држава ја гледаме појавата на небесната хармонија. Во време на распаѓање го гледаме Воскресението на оние што се надеваат во Господ...



Превод: Преминпортал С.А


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная