Архиерејскиот собор на 4 февруари усвои документ во кој се изложува ставот на Црквата во врска со еколошките прашања.
Целото човештво е одговорно за состојбата на природата – Божјото создание. Користењето на ресурсите и загадувањето на човековата средина во ситуација на пораст на бројот на жителите на планетата го прави многу актуелно прашањето за солидарните напори на сите народи за зачувување на различните облици на живот, за донаќинско (економично) искористување на природните ресурси и спречување на еколошките катастрофи предизвикани од човечките активности.
Падот на прародителите во грев предизвика пореметување кај првосоздадената природа. Светото Писмо сведочи за тоа: „Затоа што созданието се покори на пропадливоста (трулежноста), (не заради својата волја, туку волјата на оној кому му се покори)“ (Рим. 8, 20). Загадувањето и уништувањето на природата претставува директна последица на човечкиот грев. Разновидните појави на гревовниот однос кон природата се карактеристични за современото „потрошувачко општество“, кое за главна цел го има стекнувањето (присвојувањето). Единствената можност за обновување на здравјето на природата се содржи во духовниот препород на личноста и општеството, во вистински христијански, аскетски однос на човекот кон сопствените потреби, во зауздување на страстите, во доследно самоограничување. Главните одредби на позицијата на Руската Православна Црква во врска со проблемите за зачувување на живата природа и човековата средина се содржат во Основите на социјалната концепција (дел 13, „Црквата и проблмите на екологијата“) и во Основите на учењето за достонинството, слободата и правата на човекот (дел 3).
Тргнувајќи од Божјата заповед за чување на создадениот свет (1 Мојсеј 2, 15) и грижејќи се за духовното и физичкото здравје на човекот, РПЦ врз себе ја презема должноста и во иднина да учествува во разгледувањето на еколошките прашања, како и да работи на ова бојно поле во соработка со сите оние кои се загрижени за состојбата на природната околина, размислувајќи за зачувување на здравјето и нормалниот живот на луѓето.
1. Богословско осмислување на еколошките прашања
Руската Православна Црква, исповедајќи го библиското учење во односите помеѓу човекот и создадениот свет, е подотвена да го даде својот придонес во осмислувањето на основните погледи на светот, поврзани со еколошките истражувања и еколошките активности.
2. Литургискиот живот на Црквата и екологијата
Црквата не Го повикува Светиот Дух само врз човекот, туку и врз целиот свет кој го опкружува. Божјата Евхаристија ја осветува создадената вселена. Земните плодови и делата на човечките раце – лебот и виното – со дејството на Светиот Дух се претвараат во Тело и Крв Христови и ги осветуваат верните. Со осветување на водите на Богојавление, се отвараат нови перспективи за материјалните созданија: осветената вода станува света вода, „која води во вечен живот“. Цеквата секогаш со молитва и работа се отповикувала на случувањата кои бараат соработка на човекот и природата и на ситуациите во кои природните стихии станувале непријатели на човекот. Црквата секојдневно се моли „за благорастворување на воздухот и за изобие на земни плодови“, има и посебни молитви за луѓето кои ја обработуваат земјата, за избавување од природни незгоди и штетници.
3. Еколошко воспитување
Руската Православна Црква тврди дека човекот го менува светот околу себе во согласност со својот внатрешен свет и заради тоа преобразувањето на природата треба да започне од надминувањето на духовните кризи кај човештвото.
4. Учество на Црквата во еколошките активности
Свештенослужителите и мирјаните се повикани на активно делување во правец на заштита на природната околина. Оваа активност, пред сѐ, треба да биде насочена кон сведочењето за тоа дека само воздржаноста, почитувањето на другите и одговорноста кај секој човек, кои се темелат на свесното исполнување на Божјите заповеди, ќе овозможат човештвото да ги совлада актуелните еколошки проблеми.
5. Соработка со државните и меѓународните институции во делот на екологијата
Во работата за зачувување на природата РПЦ е отворена за дијалог и соработка со државните и меѓународните институции. Притоа, Црквата истакнува дека прашањата за екологијата не треба да бидат манипулирани во полза на политичката борба и економската конкуренција или како начин за задоволување на користољубивите интереси на поединци и општествени групи. Во такви ситуации Црквата го задржува правото да се воздржи од соработката во еколошките и мешовитите проекти. Црквата, исто така, го задржува правото критички да ги оценува активностите на државната власт, меѓународните организации и општествените и научни структури кои мажат да имаат негативно влијание на природата и на здравјето и животот на човекот.
Во дијалогот со претставниците на здруженијата, државата и меѓународните организации Руската Православна Црква ја презема како своја должност помошта кон луѓето кои припаѓаат на различни социјални, етнокултурни, возрасни и професионални заедници за тие да развијат чувство на солидарна одговорност за чување на Божјото создание, и ќе ја поддржува нивната работа во овој правец.
Узвор: Светигора
Преземено од: МПЦ-ОА