НА БАРАЊЕ НА ЧИТАТЕЛИТЕ ПРИЛОЖУВАМЕ ДЕЛ ОД НОВАТА КНИГАТА НА
ПРОТОПРЕЗВИТЕРОТАЦО ГИРЕВСКИ
УПОТРЕБАТА
НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
ВО ЦРКВАТА (Скопје, Менора 2012)
ПРИБЛИЖУВАЊЕТО НА БОГОСЛУЖЕНИЕТО НА СОВРЕМЕНИТЕ ГОВОРНИ ЈАЗИЦИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ДУХОВНА ОБНОВА -
Содржина.а) Најпрвин, со неколку зборови сакам да укажам на исклучителната важност на богослужението за православните христијани; б) Потоа, накусо за практикувањето и видовите на христијанското богослужение; в) Главната тема во предавањето е прашањето за (и против) воведување на народниот говор во богослужението, како предуслов за духовна обнова, со посебен осврт во традицијата на Македонската православна црква и на крајот г) Неколку заклучни зборови.
Клучни зборови: Современ (говорен) јазик, богослужбен (литургиски) јазик, православно богослужение: литургија, утрена, вечерна, повечерие.
За да привлечам внимание за важноста и за литургиската убавина на христијанското православно богослужение ќе се послужам со приказната од времето на руското покрстување, којашто ја запишал хроничарот во еден Руски летопис .
Имено, кога рускиот кнез Владимир (на престолот седнал 978) одлучил да ја напушти старата многобожечка вера, нему својата вера му ја нуделе Евреите, муслиманите, Латините и Византијците. Тој сакал да ја прими најубавата, па за таа цел испратил свои луѓе да обиколат неколку различни земји, да се уверат од близу и по враќањето да му реферираат. Тие прво отишле кај муслиманските Бугари покрај Волга, но, откако виделе дека за време на молитвата необично се молат, коленичат или седат, бидејќи не го нашле тоа што го барале, Русите го продолжиле патот. Патувајќи натаму во Германија и Рим, почуствувале дека тоа богослужение како повеќе да ги привлекува, но, му се пожалиле на кнезот оти и во него не ја нашле очекуваната убавина.
Од стр. 181-194.
Изданието е во чест на 45-годишниот јубилеј од обновата на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и во чест на 35-годишнината од основањето на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје, денес придружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Предавање одржано на XLIII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 28 јуни – 13 јули 2010.
Сп. Димитри Оболенски, Византискиот комонвелт, источна европа 500-1453, Југореклам, Скопје, 2002,196-198.
Најпосле отпатувале во Цариград (односно во Византија), и таму, присуствувајќи на божествената литургија во катедралната црква „Света Софија” – конечно го пронашле тоа што го сакале. „Видовме нешто прекрасно”, известуваат тие. „Не знаевме дали сме на небо или на земја, затоа што на земјата нема таква глетка и таква убавина. Не знаеме тоа како да ти го опишеме, честити кнезу, но знаеме дека таму Бог е меѓу луѓето и дека нивното богослужение ги надминува сите други. Не можеме да ја заборавиме таа убавина”. Приказната завршува дека великиот кнез Владимир им поверувал на своите пратеници и се одлучил за христијанската вера.
Во Историјата на новото време постојат безброј такви блескави сведоштва од различни емисари, поети, научни работници, патници, поклоници , од различни земји кои имале можност да ги посетат катедралните цркви во Охрид, во Македонија и да присуствуваат на православните богослуженија; да ги почувствуваат сите овие белези и да се восхитуваат, по примерот на Руските емисари.
Можеби и некои од вас, доколку присуствувате на некое од богослуженијата во охридските храмови, ќе бидете идните распространувачи од видот на традиционалната приказна за руското покрстување.
Од приказната можеме да видиме неколку специфики, коишто се карактеристични за православното христијанство. Тоа се: прво, истакнување на црковната свеченост и благолепие (убавина): „не можеме да ја заборавиме таа убавина”, беа зборовите на емисарите. Многумина мислат дека тоа е посебен дар на православните народи – особено на Византија и Русија – вклучително и Македонија – станува збор за моќ на доживување на велелепието на духовниот свет и изразување на божествената убавина преку богослужење.
Второ нешто, е тоа што Русите од приказната, после доживеаната литургиска драматика, мистика и созерцание, изјавиле: „не знаевме дали сме на небо или на земја”. - За Православните христијани богослужението не е ништо друго, туку „Придвижено небо на земјата”. Па дури и неправославните верници кои мошне често присуствуваат на православните празнувања, брзу заклучуваат дека чувството на благодатта Божја ја соединува (врзува) молитвената заедница, подеднакво свештениците и народот.
Трето, христијанското богослужение претставува спој од свештенодејтва и обреди, со кои се задоволуваат човековите религиозни потреби и чувства, и преку кое надворешно се изразува севкупната содржина на христијанската вера. Впрочем, преку богослужението се воспоставува врска помеѓу човекот и Бог и обратно. Видовме во приказната тоа го забележале дури и јазичници.
Спореди: АцоГиревски, Верскитуризам (воМакедонија), Менора, Скопје, 2008, 201-224; БожидарКовачевић, ПутовањепоклоникаодСтуденицедоОхрида, Православнамисао, свеска 28,29, Београд, 1981/82, 183-187.
Литургија,
И четврто, карактеристично за православното богослужение е усмереноста кон космонизам, бидејќи православието постојано го следи мистичното искуство, кое за христијаните претставува вознесение и духовен допир со божествениот свет; целина и единство, особено преку Светата тајна причесна – Евхаристијата, која е круна на православната религиозност.
Се потрудив само да ја протолкувам приказната со која започнав, без да навлезам во длабока теолошка анализа на православното христијанско богослужение.
Пред да поминам на јазикот во богослужбата сакам да ви кажам неколку збора за практикувањето и видовите на богослужбата во Православната Црква денес.
Според учењето на Православата црква, душата на човекот по својата природа е религиозна. Потврда за тоа е постојаната потреба на човекот во целото негово битисување да Го бара, да Го слави и велча Бога, па дури и да Му се предава целосно на Неговата волја.
Таквата духовна потреба човекот ја манифестира преку разни надворешни форми, симболи и дејствија, кои ја прават содржината на религиозниот култ. Нема религија без култ, но и секоја религија има свои специфики во исполувањето на религиозните чувства. Кога зборуваме за христијанскиот култ главни негови специфики се: славословието, молењето и благодарењето (евхаристија).
Основниот образец на богослуженијата е скоро идентичен во Православната и во Римокатоличката црква: постои, прво, Света Литургија (Евхаристија или Миса, на Запад) ; второ, дневни богослуженија (т.е. две главни служби – Утрена и Вечерна , а покрај нив: Повечерие) и трето, свештенодејствија – т.е. богослуженија кои се извршуваат во посебни или периодични прилики, како што се Светите тајни и молитвословијата: Крштение, Брак, Ракополагање, (Замонашување), Осветување на црква, Елеоосветување (маслосвет) и Опело за умрени. Светата тајна Евхаристија, ја издвојувам – како тајна на тајните. (Покрај нив, Православнта црква врши и други мали молитвословија).
Литургија, буквалнозначи„општодело, општественаслужба”. Називзанајважнотоправославнохристијанскобогослужениекое, подразнивидовииимиња, постоикајситехристијанскиверосповеди. СитедругибогослуженијасесамоподготовказаизвршувањенаЛитургијатаилизапартиципирање (земањеудел) вонеа. ПрватаЛитугијајасоставилапостолЈаков, првиотепископЕрусалимски. Подоцна (во 4 век) Литургијасоставилсв. ВасилијВеликиипонего, истотака, св. ЈованЗлатоуст. НајчестосеслужиЛитугијатанасв. ЈованЗлатоуст. Литургијатанасв. ВасилијВеликисеслужи 10 патигодишно, главновонеделитенаВелигденскиотпост. Постоиит.нЛитургијанапреѓеосветенитедаровичијавторесв. ГригоријДвоесловсеслужи, главновосредитеипетоцитеодВелигденскиотпост. СекојаЛитургијаеспомен, потсетување (анамнеза), повторувањенаХристовотосотириолошкодело.
Утрена, богослужениекое, поправило, сеизвршуванаразденување, аспротинеделаилипразник. Можедасеспоисовеченатаитогашзаедносеименуват„бдение”. Имаповеќевидовиутрена: секојдневна, неделнаиливоскресна, празнична, великопосна.
Вечерна, едноодсекојдневнитецрковнибогослуженија, коесеизвршувапредвечера.
Повечерие, богослужениекоесеизвршуваповечерата. Имаголемоималоповечерие. Малотосеслужисекојден, аголемото–воВелигденскиотпостивонекоиголемипразници: Божиќ, Богојавление, БлаговештениеиДуховден
Сите предходни наброени богослуженија се подготвителни за светата Литургија. Таа е врв на богослужението и во неа се принесуваат молитви кон Господ Бог и Неговите светии од секаков вид, односно молитви за секојдневни потреби: мир, здравје, напредок. Во неа се принесуваат и молитви за починатите во верата. Црквата служи посебни Литургии за здравје и други потреби на христијаните, како и Литургија за упокоените.
И додека денес во многу англикански и скоро во сите римокатолички парохиски храмови, речиси секојдневно се служи Евхаристија, во православната црква, не се вообичаени секојдневните Литургии, освен во соборните цркви и во поголемите манастири; во обичните парохиски цркви таа се служи само во недела или на празник. Не се преправам дека ги знам приликите во Руската православна црква, но имам информации дека денес во Русија, каде има малку места за богослужение, и каде многумина христијани се приморани да работат и во недела, секојдневната Литургија станала вообичаена во многу градски парохии.
А сега и за јазикот на богослужбата.
Народниот говор во службата на Православната црква
Една од првите задачи на православните мисонери – од св. Кирил и Методиј во 9-от век па сè до просветителските пројави на дамаскинарството, кое што го предвестило екот на народното будење во почетокот на 19-от век – била богослужбените книги да ги преведат на домородните говорни јазици. На службите денес, Православната црква користи народен јазик: арапски во Антиохија, фински во Хелсинки, јапонски во Токио, англиски (ако е потребно) во Њујорк. Во праксата има исклучоци од ова општо правило во користењето на народниот јазик: па така црквата на грчкото јазично подрачје не го користи современиот грчки јазик, туку Новозаветниот грчки јазик од епохата на Византија, додека словенските Цркви сèуште ги користат преводите на црковнословенски од 15-от век. Изговорот е дека и во двата случаи разликата помеѓу литургискиот јазик и народниот современ јазик не е толку голема за да се спречи разбирањето на богослужението од страна на верниците. Меѓутоа, има нешто друго, што служењето на древен, на застарен, речиси неразбирлив јазик уште од епохата на Византија - денес тешко можат младите генерации да се вклопат и живо да учествуват во богослужението.
Да се потсетиме. Веронауката во Православната Црква ја има улогата да ги воведе децата, младите и возрасните во Црквата, односно да ги вклучи во нејзиниот живот. За таа цел едно од најсилните средства со кое се служи Црквата е богослужението, бидејќи Црквата како живот и благодат најмногу се остварува преку светото богослужение. Дури, и грчкиот збор литургија (богослужение) - значи многу повеќе од заедничка молитва: тој означува соборно дејство (заедничење) во кое секој зема активно учество, како жив учесник, а не само како „посетител”. Природата на ова дејство истовремено е и соборна и лична. Соборна е затоа што преку единството и верата на секој нејзин учесник се остварува и исполнува реалноста (целовитоста) на Црквата, т.е. присуството на Христос меѓу тие што веруваат во Него. Лична е затоа што таа реалност секогаш се однесува на мене, ми дарува мене, постои за мое лично изградување, за мое растење во благодатта, за лично обожување. Така јас во богослужението сум активен „градител” на Црквата – што е моја христијанска должност – но, истовремено, сум и нејзин „консумент”, зашто тука ми се нудат благодатни дарови на Црквата, ми се нудат и даваат како дарви на Духот Божји. Ете, затоа Црката од декларативните христијани бара да станат активни учесници на богослужението.
Но, прашувам: дали е можно за да се биде активен учесник во богослужбата, ако не се разбира јазикот на кој се богослужи? Моето свештеничко искуство кажува дека тоа е мошне тешко за обичниот христијанин.
Ваквите размисли за богослужбениот јазик, ги бранувало и повторно ги бранува современите теолози и тоа најмногу од пастирска гледна точка. Ние знаеме за примери од новата историја на Православните цркви, надвор од кругот тријазичен, дека се соочувале со такви тешкотии при внесувањето на народниот јазик во богослужбите и воопшто во црквата. Само Српската православна црква имала долги расправии и отпори дури до формирање на еминентни комисии составени од видни теолози (во некои од нив учествувле: епископот Иринеј Чириќ, архимандрит Стефан, митрополитот Дамаскин и др.), кои расправале по односниот проблем, и замената на црковнословенскиот јазик со народниот ја сметале за „историски и догматски сосема исправна” .
Најновите сознанија од христијанскиот свет говорат дека во Атина и Москва во кругот на Црквата се воделе и водат дискусии за тоа дали треба да се богослужи на современиот јазик. Во Грција, на пример, епископот никопољски Мелетиј и митрополитот сијатијски Павле, на барање на Светиот Синод, требало да објаснат зошто тие и нивното свештенство служеле на народниот современ јазик (димотики), а не на стариот, практикуван уште од времето на Византија.
По тоа прашање неколку грчки архиереи нашле за потребно пред јавноста да го кажат својот став. Па така, митрополитот месинијски Хризостом, професор на Атинскиот теолошки факултет, лично смета дека оваа тема е мошне чуствителна за грчкиот клир и дека тоа прашање треба да се разгледува низ призмата на пастирската служба. Професорот предлага дијалог, не само во епископатот, туку и во академските, посебно теолошките средини, па и во парохиите. Според професорот Хризостом, мошне значајно е прашањето за адекватноста на преводот - кој да го работи, кој да го контролира и кој да го усвојува .
Некои митрополити на Грчката православна црква воопшто не сакаат да се покренува прашање околу богослужбениот јазик или да се бара одговорност за оние кои веќе го практикуваат современиот „народен” јазик. Додека, пак, блаженопочинатиот архиепископ атински Христодул допуштал на богослуженијата на народен современ јазик да се читаат Апостолот и Евагелието.
За потребите на Руската православна црква, митрополитот казански Дионисиј во 1980 година ја превел Литургијата на современ руски јазик. И во Русија, по примерот на грчката дискусија, било поставено прашањето во врска со употребата на современиот јазик. Приота, одговорот на тоа прашање се барал во 19-от век, кога за прв пат прашањето за јазикот било поставено, а со тоа се занимавал и Помесниот собор на РПЦ во 1917/18 година.
БожидарМијаћ, Одзивиидозиви, Београд, 1974, 199.
Крозхришћанскисвет, Православље, бр. 1035, од 1. мај 2010,40-41.
Когаво 1900 годинавоГрцијабилобјавенпреводотнаЕвангелиетонасовременгрчкијазик, протестираленаулицанекоиепископи, професори, студенти. Сегаедојденовреметоитојпреводвеќедае„застарен”.
Евангелие, блага, радоснавест. ТакасеименуваатпрвитечетирикнигиодНовиотзавет
И тогаш имало поделени мислења меѓу епикопатот, некои биле за, некои против воведување на современиот говорен јазик во богослужението. Не се спорело дека црковнословенскиот јазик е дел од „големата култура”, но еволуцијата на говорнииот јазик е сосема природна. Имало предлог за „русификација на старословенскиот јазик”, постепено „бесконфликтно” преоѓање, допуштање „преку експериментални форми”, а во манастирите се можело да се придржуваат за старата практика. Ставот на РПЦ е дека проблем за адекватен превод постои и тој е голем, но не и дека е нерешлив. Денес преовладува мислењето дека треба да се објавуваат паралелни богослужбени текстови, на црковнословенски и на современ руски јазик. Ваков став, по однос на некои богослужбени книги (Служебник, Требник) имаат денес и некои архиереи и дел од свештнството во МПЦ.
Како и да е, денес и во Москва и во Атина се знае дека за Русите и Грците во странство (во дијаспората), најчесто се служи на јазикот на тамошната средина – англиски, германски, француски или на некој друг говорен јазик на средината во која живеат.
Но, какво е искуството по прашањето за богослужбениот јазик во Република Македонија?
Богослужбената традиција во Македонската православна црква
Веднаш да кажам дека преводот на Библијата на современ македонски литературен јазик (во 1990 година) ја забрза духовната обнова на Македонската православна црква, имајќи го предвид значењето на Библијата во Црквата, односно во богослужбата. Во таа функција може да се истакне и заложбата и на Синодот на МПЦ за преведување на македонски говорен јазик на основните библиски црковни книги од богослужбен карактер – веднаш по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква (во 1967). Синодот одлучно се заложи за употреба на македонскиот јазик во богослужбите и во црковната администрација, озаконувајќи го на тој начин македонскиот јазик во Уставот на МПЦ. Член 5, од Уставот, гласи „Во Македонската Православна Црква службен јазик е: македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, богослужбен е црковнословенкиот и македонскиот јазик”.
Веднаш потоа се започнало со преводот на потребните богослужбени книги на современ македонски јазик, како на пример: евангелието , апостолот , псалмите , служебникот , требникот како и разни молитвеници .
Евангелие, блага, радоснавест. ТакасеименуваатпрвитечетирикнигиодНовиотзавет, напишаниодХристовитеученици–апостолитеМатеј, Марко, ЛукаиЈован. ВонивеизложенделодучењетонаХристос.
Апостол, богослужбенакнигакојагисодржиДелатаАпостолскиипосланијата, поделениназачаласпоредгодишниотбогослужбенкруг.
Псалмитепретставуваатврвенизливнарелигиознитечувства. Гиима 150 (собранивоеднасвештенакнига, подиметоПсалтир), аповеќетооднивгинапишалцаротДавид
Денес можам слободно да соопштам дека пред сите други соседни Цркви, МПЦ е меѓу првите што ги преведе основните богослужбени книги, покрај спомнатите во предходниот пасус, уште и: богослужбената книга Триод ,како и две богослужбени книги со избор на месечни и празнични богослужби . Веќе се работи на преводот на минеите , коишто се дванаесет тома (колку и месеците во годината).
Општ став на МПЦ е дека приопштувањето на богослужението до верниците, преку негово преведување на совреме „говорен” јазик е од исклучителна важност, најмногу заради враќање и активирање на евхаристиско-литургиското присуство во Црквата - во заедницата, до кое не можеше да се дојде без предходна духовна обнова, односно без предходно приопштен богослужбен живот .
Преводот на библиските и богослужбените текстови на македонски јазик, според наше видување, стана на некој начин обврзувачка програма во мисијата за пастирите на Црквата. И во таа смисла мотивите за вклучување на македонската Библија во богослужението се истовремено богословски и пастирски. Од една страна за корегирање на неправилната литургиска пракса, а од друга страна, литургиските догми да се оживат и приближат до верниците. Новото искуство покажа, дека со воведувањето на современиот македонски јазик во богослужението - тоа од скаменето и неразбирливо, наеднаш стана живо .А само живата црква и живото учество на верниците во богослужбата ја прави Црквата делотворна, и само тогаш за неа може да се каже дека е „жив Христов организам, кој, облагородува, просветува и осветува”. Тогаш Црквата создава „нови луѓе” , кои знаат да возљубат и, во тоа име да се кајат и простуваат. И што е најважно, Црквата веќе и преку богослужението може да одржува врска со младите генерации на нивниот говорен јазик .
Служебник,црковнабогослужбенакнига, вокојасепоместенислужбитенавечерната, утрената, илитургиите.
Требник, црковнабогослужбенакнигакојасодржимолитвиисвштенодејстваштосеизвршуваатпопотреба („треби” оттукаииметонакнигата) наеденилиповеќехристијани. Споредсодржината, требницитееделатнаголем, малидополнителен.
Молитвеник, книгаспоредкојасеизвршуваатмолитвите. Христијанитемолитватаипостотгиимааткаконаефикасносредствопротивнечиститедухови.
Триод, црковно-богослужбенакнига, вокојасепоместенислужбитезаподвижнитепразницииденовивогодишниоткруг (ониештозависатодВелиден). ГиимадвавидаПосентриод, вокојсеопфатенипеснитеодподготвителнитенеделизаВелигденскиотпост, какоисамиотпост, однеделатанамитаротифарисејотдоВеликасабота; иЦветентриодилиПентикостар, којзапочнувасопрвиотденнаВелигденизавршувасонеделатанситесветии (неделатапоДуховден).
Изборнамесечниипразничнибогослужби, првтом (септември-јануари) ивтортом (февруариавгуст), вопреводнапротопрезвитеротЈованТаковски, авоизданиенаМакедонскаправославнацрква- Црква„СветаПетка” -МилПарк, Викторија-Австралија, Австралиско-новзеландскаепархијаиПреспанско-пелагонискатаепархија, Скопје, 2008 година.
Минеј, богослужбенакнигавокојасепоместениситеслужбивогодината, споредмесечниоткалендар, оттукаиимето (μήν, μηνός, ό–месец, месечина) Има 12 минеи. Вонивимапеснизавечерната, утрената, авонекоислучаиизачасовите, Литургијата, повечериетоиполуноќницата.
Повеќезатоавиди: АцоАлександарГиревски, Улогатанапастиротвоцрковнатазаедница,ГодишензборникнаБогословскиотфакултетвоСкопје, книга4, 1998, 129-154. Одистиотавтор, Мисијатанасвештеникотденес, ГодишензборникнаБогословскиотфакултетвоСкопје, книга5-6, 1999-2000, 149-155.
Заволјанавистинатацрковнословенскиотјазик, којсмегонаследилепрекубогослужбенитекнигипечатенивоРусија, асмегидобивалевовреметокогакајнасгинемалопорадиробувањетоисиромаштијатанееонојјазикнаСв. КирилиМетодиј, нитујазикотнаСв.КлиментиНаум, тукусамоеднаруско
Кои и какви ќе бидат плодовите од тоа, ќе можат да се насетат преку исполнувањето на религиските чувства и живеењето според мерката на сопствената вера.
Да потсетам дека со воведување на Библијата во практиката, особено во богослужението, МПЦ не се откажа од јазикот на Библијата, туку напротив се определи библискиот јазик да го задржи и тоа е сосема оправдан избор. Тоа е и единствениот начин и во современите преводи да се запази црковниот карактер на православното богослужение и да се „запази од секуларизирање (обесцрквување)”, претпазливост на која своеверемно укажал еден православен богомислител (Шмеман) . И еден друг, по него, мошне влијателен богослов (Флоренски) , исто така, предупредил дека: „Само преку враќање и преиспитување на автентичниот евхаристиско-литургиски живот може да се дојде до успешна пресвртница во процесот на разградување на секуларизацијата”. Сосема се согласувам и со двајцата богомислители.
Би сакал да завршам со едно потсетување, а тоа е дека Македонскиот јазик претставува најмлад унифициран литературен јазик, иако неговите обележја се сретнуваат уште во црковнословенскиот јазик. Тој е најмлад, зашто кодификацијата на неговата модерна форма се должи на генијалноста на Блаже Конески, поет и лингвист, кој нејзе ја наложува уште на самиот почеток од постоењето на независна Реублика Македонија, и ја дефинира, неколку години подоцна, во неговата граматика. Подоцнежното влегување на Македонскиот јазик во заедницата на модерните словенски јазици не треба да се гледа како знак на пониска вредност, туку треба да се гледа во светлината на Христовата парабола што ја пренесува свети апостол Матеј за домакинот кој одел да најми работници за копање на лозјето: оние кои биле најмени во единаесеттиот час биле платени и како и оние од самиот почеток што ја „претрпеле тегобата на денот и жегата”. Иако дошле подоцна, Македонците учествувале во духовниот препород на народот кој можел да го слави својот Господ Бог на сопствениот јазик.
И уште, ова, преводот на Библијата на современ македонски литературен јазик опфаќа период од цели 65 години на постоење на кодифициран јазик во Македонија. Во таа смисла, Библијата и црковните богослужбени книги, сакале или не, стануваат една добра платформа за натамошниот развој и усовршување на македонскиот јазик. Дотолку повеќе што со преводот на Библијата и со богослужбените книги се даде убедлив доказ дека македонскиот јазик е мелозвучен, молитвен, кршлив, разигрлив и дека на него можат да се пренесат и посложени (мистички) мисли, погледи, формулации што се среќаваат во библиските текстови.
КирилиМетодиј, нитујазикотнаСв.КлиментиНаум, тукусамоеднаруско-словенскарецензија (Видиповеќезатоакај: БожидарМијач, Зајазикотвобогослужбата, Одзивиидозиви, Београд, 1974, 199.).
АлександарШмеман, Литургијаиживот, Скопје, 1995,90.
ЗаБиблијатавобогослужбениотживотнацрквата, видиповеќекајАцоГиревски, МакедонскиотпреводнаБиблијата, Скопје, 2004, 234-250.
Исто.
ПавлеФлоренски, Култ, религијаикултура, Богословље, Свеска 1 и 2, Београд, 2000, 56.
Матеј 20,1-16.
Можеби овој посебен профил на македонскиот јазик, не е и единствениот, заради кој заслужува лингвистите да му посветат поголемо внимание од досегашното.
17 јули 2012 год.