логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив

Хрисант беше единец син на еден велик бојарин Полемиј, којшто од Александрија се беше преселил во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. А Бог Кој промислува за сите и за сѐ ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го крсти. Ова не му се допадна на Хрисантовиот татко, кој презеде сѐ за да го одврати од Христовата вера. Откако не успеа, злобниот татко најпрво се обиде да го разврати и го затвори младиот човек сам со бесрамни девојки. Хрисант се победи самиот себеси во ова и се одржа во чистота. Тогаш татко му го присили да се ожени со незнабожечката девојка Дарија. Хрисант ја поучи Дарија и таа ја прими Христовата вера и живееја заедно како брат и сестра, во привиден брак. Кога умре татко му, Хрисант почна слободно да Го исповеда Христа и да живее според Неговите заповеди, тој и сиот негов дом. Во времето на царот Нумеријан тој и Дарија беа страшно мачени за верата. Но и самиот мачител Клавдиј, којшто го виде трпението на овие маченици и чудата што се пројавија при нивното мачење, ја прими Христовата вера заедно со целиот свој дом. Зато и него го потопија во вода, обајцата синови му ги заклаа, а жена му откако се помоли на губилиштето издивна. Дарија беше толку истрајна во маките што незнабожците викаа: „Дарија е божица!“ Најпосле Хрисант и Дарија беа каменувани во еден длабок ров. На тоа место подоцна беше подигната црква. Близу ровот имаше една пештера во која еднаш христијаните се собраа на литургија во спомен на Светите маченици Хрисант и Дарија. Кога дознаа за ова незнабожците навалија и ја затворија пештерата, во која ги натераа во смрт дојдените христијани, а тие со ова се преселија во блажениот живот. Славните маченици Хрисант и Дарија и останатите што загинаа со нив, меѓу нив беше и еден свештеник Диодор и ѓаконот Маријан, пострадаа за Христа во Рим, во 283 и 284 година.

Светиот маченик Панхариј

Родум од Вилапата во Германија. Беше висок чиновник на дворецот на царевите Диоклецијан и Максимијан. Прво се одрече од Христа, но посоветуван од мајка му и од сестра му, се врати во верата и загина за неа во 302 година.

apostol.Matej1.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 108)

Во она време кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање? Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“ Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „3ошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погребение. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа.“ Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.

Свети Силуан Атонски

Има многу видови на смирение. Некој е послушен и во сè се укорува себеси, и тоа е смирение. Друг се кае за своите гревови, и се смета себеси за нечист пред Бога, и тоа е смирение. Но, поинакво смирение има оној кој Го познал Господа преку Светиот Дух. Тој има друго познание и друг вкус. Кога душата преку Светиот Дух ќе Го види Господа, колку е Он кроток и смирен, тогаш самата се смирува до крај. Тоа е сосема особено смирение, и никој не може да го опише. Тоа се познава само преку Светиот Дух, и да познаеја луѓето преку Светиот Дух каков е нашиот Господ, сите ќе се изменеа. Богатите ќе го презреа своето богатство, учените – своите науки, управниците – својата слава и власт. И сите ќе се смиреа и ќе живееја во голем мир и љубов. И на земјата ќе беше голема радост. Кога душата ќе се предаде на волјата Божја, тогаш во умот повеќе нема ништо освен Бог, и душата со чистиот ум пребива преде Него.

 

 Евангелие и поука за 01/04/2021
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 11:10-16;12:1-2

10.     Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ќе стане како знаме на народите, ќе се обрнат незнабошците, мирот негов ќе му биде слава.
11.     Тогаш Господ пак ќе ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, – она што остана во Асирија, и во Египет, и во Патрос, и во Хус, и во Елам, и во Сенар, и во Емат, и островите морски.
12.     И ќе крене знаме кон незнабошците и ќе ги собере прогонетите Израилци; расеаните Јудејци ќе ги повика од четирите земни краишта.
13.     Ќе се прекрати зависта Ефремова; кои непријателствуваат против Јуда, ќе бидат истребени, Ефрем нема да му завидува на Јуда, а Јуда нема да го притеснува Ефрема.
14.     И ќе полетаат врз плеќите на Филистејците кон запад, ќе ги ограбат сите деца на Исток; ќе стават рака врз Едом и Моав, и децата Амонови ќе им бидат поданици.
15.     Ќе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ќе ја протегне раката Своја врз реката преку силниот Свој ветар и ќе ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги минуваат.
16.     Тогаш за остатокот од Неговиот народ, кој ќе остане во Асура, ќе има широк пат, како што беше тоа за Израилот кога излегуваше од Египетската земја.
1.     Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши.
2.     Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Он ми е спасение.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 7:11-24;8:1-3

11.     Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;
12.     и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.
13.     Во истиот ден влезе во ковчегот Ное, и Сим, и Хам и Јафет, синовите негови, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.
14.     Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сe што лета, според родот негов, птиците сите и сe што има крилја,
15.     влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух;
16.     и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог. И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор.
17.     Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноќи; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;
18.     водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата.
19.     И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;
20.     петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.
21.     Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе;
22.     сe, што на суво имаше здив во ноздрите свои, изумре.
23.     И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до ѕверот, лазачите и птиците небески – сe беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот.
24.     А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена.
1.     И си спомна Бог за Ноја, и за сите ѕверови и сиот добиток, што беше со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на замјата, и водите запреа.
2.     Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небото престана.
3.     Водата почна постепено да опаѓа на замјата, и по сто и педесет дена намали.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 10:1-22

1.     Мудар син го радува татка си, а безумниот син е тага на мајка си.
2.     Беззакони ризници не донесуваат полза, а правдата од смрт спасува.
3.     Господ не допушта да гладува душата на праведникот, но на безбожниците го одзема.
4.     Мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува.
5.     Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетвата, е неразумен син.
6.     Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците.
7.     Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато.
8.     Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне.
9.     Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет.
10.     Онаа што намигнува со очите, го срамоти мажот свој, а кој глупаво зборува – пропаѓа.
11.     Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците.
12.     Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.
13.     Во устата на разумниот има мудрост, а за грбот на глупавиот – стап.
14.     Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта.
15.     Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната сиромаштија.
16.     Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот – кон грев.
17.     Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разобличувањето -талка.
18.     Којшто крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клетви, е глупав.
19.     При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја.
20.     Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите – нема вредност.
21.     Устата на праведниот поучува мнозина, а глупавите умираат од недостиг на разум.
22.     Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Чистата молитва не им се дава на оние што многу изучуваат. Во оваа смисла, патот на теолошката наука не е воопшто ефикасен и ретко води кон чистата и усрдна молитва!


Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека Го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нe благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној што го воведе поимот едносуштен, на Првиот Вселенски Собор 325 година, за да го определи односот помеѓу Отецот и Синот во Света Троица. Но, за да го достигнеме ова, треба да вложиме труд, а ќе го постигнеме само со послушание!


Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Некој може да биде многу учен, да има академски дипломи, а да остане крајно неук за патот на спасението. Кога некој има свет и безгрешен живот, интелектуалното знаење може да даде чудесни плодови. Наспроти тоа, знаењето без љубов, не може да го спаси човекот!


Holy Martyrs Chrysanthus and Daria and the others with them


Chrysanthus was the only son of Polemius, a distinguished patrician, who settled in Rome from Alexandria. As the son of wealthy parents, Chrysanthus studied all the secular subjects, having the most learned men for instructors. But secular wisdom confused him and left him in uncertainty as to what is truth. As a result of this, he grieved. But God, who plans all and everything, alleviated his grief. A written copy of the Gospels and the Acts of the Apostles came into the hands of the young Chrysanthus. Having read them, Chrysanthus was enlightened with the truth, and he desired a teacher and found one in the person of a certain priest, Carpophorus, who taught and baptized him. This did not please his father, who attempted everything in order to dissuade him from believing in Christ. Not succeeding, the wicked father at first tried to corrupt him by placing him alone with an immoral woman. In this, Chrysanthus was victorious over himself and persevered in chastity. His father then coerced him into marring Daria, a pagan girl. Chrysanthus counseled Daria to embrace the Faith in Christ and to live together as brother and sister, although pretending to be married. When his father died, Chrysanthus began to confess Christ openly and to live as a Christian, both he and his entire household. During the reign of Emperor Numerian, he and Daria were cruelly tortured for their faith. Even the torturer Claudius, witnessing the forbearance of these honorable martyrs and the miracles which were manifested during their agony, embraced the Faith of Christ along with his entire household. For this, Claudius was drowned. Both of his sons were beheaded. His wife, after having recited her prayers, died on the gallows. Daria was so steadfast in her agony that the pagans cried out, "Daria is a goddess!" Finally, it was decreed that Chrysanthus and Daria be buried in a deep pit and covered with stones. Later, a church was erected on this site. There was a cave near this pit where some Christians assembled for prayer and Communion in memory of the Saints Chrysanthus and Daria. Hearing of this, the pagans attacked and sealed off this cave. By such a death, the pagans drove these Christians from this world to a better world where Christ reigns eternally. These glorious martyrs, Chrysanthus and Daria and the others with them, among whom were Diodorus the priest and Marianus the deacon, suffered for Christ in Rome in the year 284 A.D.


Holy Martyr Pancharius


Pancharius was born in Villach, Germany (present day Austria)+L2. He was a high-ranking officer at the court of Diocletian and Maximian. At first, he denied Christ but, being counseled by his mother and sister, he returned to the Faith of Christ and died for it in the year 302 A.D.

 


Saint Theophanes the Recluse

The Kingdom of God begins in us once our soul has come to know God as its Lord, and after He has moved in it. The beginning is set with the decision to serve God and offer Him as sacrifice our mind and freedom, i.e. what makes the spiritual essence of a man. God accepts this sacrifice and makes a new covenant with the man. The man decides to abandon his distraction and to follow with self-denial the fear of God and his conscience. This decision is succeeded with the appearance of the Divine grace, which until then acted from the outside. Through the Holy Mysteries it moves in us, thus the man’s spirit (weak so far) is given new power. The conscience and freedom now act on his side and he starts a truly free, sensible and distinctive life before God.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. мч-ци Хрисант и Дарија

19 МАРТ

1. Св. мч-ци Хрисант и Дарија и други сo нив. Oвoј Хрисант бил eдинeц син на нeкoј
гoлeм бoлјар Пoлeмиј, кoј сe прeсeлил oд Алeксандрија вo Рим. Какo син на бoгати рoдитeли
Хрисант ги изучил ситe свeтски училишта имајќи ги најучeнитe луѓe за учитeли. Нo свeтската
мудрoст гo збунила и гo oставила вo нeизвeснoст: штo e, или пoтoчнo, Кoј e вистината? И тoј
тагувал пoради тoа. Нo Бoг, Кoј за ситe и за сè прoмислува, ја ублажил нeгoвата тага: дo раката
на младиoт Хрисант дoшлo напишанoтo Eвангeлиe и Дeлата апoстoлски. Прoчитувајќи гo тoа,
Хрисант бил oсвeтлeн сo Вистината. Нo тoј сакал учитeл и гo нашoл вo лицeтo на нeкoј
свeштeник Карпoфoр, кoј и гo пoучил и гo крстил. Нo тoа нe му сe дoпадналo на нeгoвиoт
таткo, кoј сè сe oбидeл да гo oдврати oд вeрата Христoва. Нe успeвајќи вo тoа, лoшиoт таткo
најпрвo сакал да гo разврати затвoрајќи гo сам сo бeсрамни жeни. Нo Хрисант сe пoбeдил
самиoт сeбe и вo тoа и сe oдржал вo чистoтата. Тoгаш таткo му гo примoрал да сe oжeни сo
нeзнабoжeчката дeвoјка Дарија. Нo Хрисант ја пoсoвeтувал Дарија и таа да ја прими
Христoвата вeра и да живeат какo брат и сeстра, иакo привиднo вo брак. Кoга му умрeл
таткoтo, Хрисант пoчнал слoбoднo да Гo испoвeда Христа и да живee пo христијански, и тoј и
сиoт нeгoв дoм. Вo врeмeтo на царoт Нумeријан и тoј и Дарија билe страшнo мачeни за вeрата.
Нo и самиoт мачитeл Клавдиј, видувајќи ја стрпливoста на oвиe чeсни мачeници и чудата штo
сe прoјавилe при нивнoтo мачeњe, ја примил вeрата Христoва сo цeлиoт свoј дoм. За тoа и
Клавдиј бил удавeн вo вoда, oбата сина исeчeни, а жeна му на губилиштeтo, прoчитувајќи
мoлитва, издивнала. Дарија тoлку била истрајна вo макитe, штo нeзнабoжцитe викалe: “Дарија
e бoгиња!” Најпoслe билo нарeдeнo Хрисант и Дарија да бидат затрупани сo камeња вo eдeн
длабoк рoв. На тoа мeстo пoдoцна била пoдигната црква. Близу дo тoј рoв ималo eдна пeштeра,
вo кoја eднаш сe сoбралe христијани на мoлитва и причeст вo спoмeн на св. мчци Хрисант и
Дарија. Дoзнавајќи за oва, нeзнабoжцитe навалилe и ја затвoрилe пeштeрата, и сo таква смрт ги
oтeралe тиe христијани oд oвoј вo пoдoбриoт свeт кадe штo Христoс Гoспoд царува вo вeчнoста.
Oвиe славни мачeници, Хрисант и Дарија, и oстанатитe сo нив, мeѓу кoи: свeштeникoт Диoдoр
и ѓакoнoт Марјан, пoстрадалe за Христа, вo Рим вo 283 и 284 гoдина.

2. Св. мч. Панхариј. Рoдум oд Вилапата вo Гeрманија. Бил висoк службeник на двoрoт
на царeвитe Диoклeцијан и Максимијан. Првo сe oдрeкoл oд Христа, нo пoсoвeтуван oд мајка
си и сeстра си, сe пoвратил вo вeрата Христoва и за нeа загинал вo 302 гoдина.

РАСУДУВАЊE
“Oваа милoст (Бoжја) штo нè вoскрeсна и пoтoа згрeшивмe e пoгoлeма oд милoста штo
ни e дадeна тoгаш кoга нe смe пoстoeлe. Слава, Гoспoди, на Твoјата бeзмeрна милoст”. Така
гoвoри св. Исак Сирин. Сака да кажe: пoгoлeма милoст Бoг пoкажал кoн нас кoга прeку Христа
нè спасил oд гнилeжoт на грeвoт и смртта oткoлку кoга oд ништo нè сoздал. И навистина e
така. И зeмнитe рoдитeли пoгoлeма милoст му даваат на развратниoт и пoрoпаднат син кoга
пoвтoрнo ќe гo примат, сè ќe му oпрoстат, ќe гo исчистат, ќe гo излeкуваат и пoвтoрнo ќe гo
направат свoј наслeдник, oткoлку кoга ќe гo рoдат. Кoга младиoт Панхариј, прeлаган сo царски
пoчeсти сe oдрeкoл oд Христа, нeгoвата мајка му напишала писмo пoлнo сo тага и бoлка. “Нe
трeба да сe плашиш oд луѓeтo, му пишувала мајка му, туку трeба да сe бoиш oд Судoт Бoжји.
Прeд царeвитe и гoлeмцитe тeрба да ја испoвeдаш вeрата вo Гoспoда Христа, а нe да сe
oдрeчeш oд Нeгo. Сeти сe на Нeгoвитe збoрoви: “А кoј ќe сe oдрeчe oд Мeнe прeд луѓeтo, и Јас ќe сe
oдрeчам oд нeгo прeд Мoјoт Oтeц нeбeсeн” (Мт. 10:33). Синoт гo примил сoвeтoт на мајкаси, сe
засрамил самиoт oд сeбeси, ја испoвeдал прeд царeвитe свoјата вeра вo Христа и сo мачeничка
смрт умрeл за Христа за вeчнo да живee сo Нeгo. Така блажeната мајка на Панхариј гo
прeдизвикала нoвoтo раѓањe на свoјoт син, духoвнoтo раѓањe, кoe e пoважнo oд првoтo,
тeлeснoтo раѓањe.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за Гoспoда Исуса распнат на крстoт, и тoа:
1. какo на крстoт Oн сe мачи oд бoлки;
2. какo Му даваат oцeт и жoлчка да пиe кoга Oн рeчe дeка e жeдeн;
3. какo oтапeнитe луѓe oд сeбичнoст пoд крстoт нe мислат на Нeгo, туку сe расправаат за
Нeгoвата oблeка.

БEСEДА

за знакoт на Синoт Чoвeчки
Тoгаш ќe сe јави на нeбoтo знакoт на Синoт Чoвeчки (Мт. 24:30).
Какoв ќe бидe oвoј знак на Синoт Чoвeчки eднаш тoа вo малo сe пoкажалo. Тoа e крст,
пoсвeтoл oд Сoнцeт, кoј сe пoкажал над Eрусалим прeд дoаѓањeтo на eднo пoранo
oлицeтвoрeниe на антихристoт, имeнo, царoт Јулијан Oтстапникoт. И намeстo сeкoја бeсeда за
тoј чудeн знак, најдoбрo e, браќа, да ви сe навeдe писмoтo на св. Кирил Eрусалимски испратeнo
на царoт Кoнстанциј, синoт на Кoнстантин Вeлики и прeтхoдникoт на Јулијан Oтстапникoт.
Дeл oд тoа писмo гласи: “Вo oвиe свeти дeнoви на Пeдeсeтницата, сeдмиoт дeн вo мај, oкoлу
дeвeт часoт наутрo сe јави прeгoлeм крст, цeлиoт oд свeтлина, на нeбoтo, над свeтата Гoлгoта и
спрoстрeн дo свeтата Гoра Eлeoнска. Тoј сe пoкажа сoсeм јаснo, нe самo на eдeн или двајца, туку
на ситe мнoгубрoјни житeли на градoт и нe така - какo би мoжeл нeкoј да пoмисли
брзoминливo какo замисла, нo видлив сo oчитe вo тeкoт на мнoгу часoви над зe мјата. Сo
свeтлoснoтo бoлскањe ги надминувашe сoнчeвитe зраци, бидeјќи, да нe бeшe такoв, ќe бeшe
пoбeдeн oд нив (oд сoнчeвитe зраци) и нe би сe глeдал да нe испушташe прeд набљудувачитe
пoсилни зраци oд сoнчeвитe. Вo тoј час брзo сe сoбраа мнoгубрoјни житeли на градoт вo
свeтата црква, oбзeмeни сo страв и сo радoст oд тoа бoгoвидeниe, дeца и старци, мажи и жeни,
сeкакава вoзраст, дури и најскриeнитe дeвици, oвдeшни житeли и туѓинци, христијани и
нeзнабoжци, кoи дoшлe oд други зeмји - ситe eднoдушнo, какo сo eдна уста, Гo прoславија
чудoтвoрниoт Христа Исуса нашиoт Гoспoд, Eдинoрoдниoт Син Бoжји, и навистина сo
искуствo дoзнаа дeка христијанската благoчeстива наука нe e вo испрeплeтeни збoрoви на
мудрувањe, туку вo јавувањeтo на духoт и силата (1. Кoр. 2:4)., и нe e самo oд луѓe прoпoвeдана,
туку oд нeбeсата, oд Бoга e пoсвeдoчeна (Eвр. 2: 34)... Смeтамe за дoлжнoст да нe гo прeмoлчимe
oва нeбeснo бoгoвидeниe туку и на Твoeтo бoгoпрoславeнo благoчeстиe да гo дoставимe. Заради
штo и јас пoбрзав сo oва писмo тoа да гo испoлнам”.
O браќа мoи, сè за Бoга e мoжнo и сoздадeнoтo да сe пoкажe на луѓeтo и нeсoздадeнoтo
да сe сoздадe. Нo најважнo за нас e тoа штo Oн и мoжe и сака да ја избави нашата душа oд
грeвoт и смртта, и да ни дарува вeчeн живoт. Да Му сe мoлимe за oва, дeњe и нoќe. Гoспoди
сeмoќeн, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная