Кучевишки манастир Свети Архангели
Оние што не загинале од ордите на Атила, бегале од Скупи кон северните гори. Подоцна се бегало од Аварите и од Печенезите, Узите, Норманите или Куманите - вака го објаснува Славко Јаневски посебното значење на Скопска Црна Гора за населбите во подножјето, за старите Скопјани пред се. Таму, во ранословенско доба се населило племето Берзи ,"од временските глобочини, да дрти и да гние, да живее под сенката на смртта, да гровта и да пее".