
Поезија на секојдневието
Во Мала Станица вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на Дејан Колевски. Изложбата насловена "Поезијата на секојдневието" содржи педесетина фотографии изработени во црно-бела техника.
Во фотографиите направени на различни географски меридијани се доловени обични моменти од секојдневието во кои сите ние сме учесници и сведоци. Тоа се мали детали од секојдневието, уникатни ситуации кои го прават животот шармантен и возбудлив.
Дејан Колевски е активен член на Фото Сојуз на Македонија. Неговите фотографии се изложувани и наградувани на повеќе државни и меѓународни изложби на фотографија.