логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Започнува третето издание на Неделата на Дизајн во Скопје

Утре започнува третето издание на Неделата на Дизајн во Скопје, настан кој наметна во Скојпе неочекувана динамичност и богатство од содржини, а пред сè го позиционира во глобални рамки.

Две години по ред, со голема умешност, Неделата на Дизајн во Скопје се осврна на најразлични области - индустриски и моден дизајн, графички дизајн, накит, дизајн на звук, адвертајзинг и маркетинг, дизајн на процеси, урбанизам, персонализирање и уште многу епитети кои ги издвоија македонските дизајнери и компании кои оваа платформа успеа да ги обедини и да им понуди излез на нови пазари. Токму поради тоа, програмскиот концепт на третото издание е задржан и надополнет, а критериумите за учество се заострени.

„Оваа година ја посветуваме на креирање на национална дизајн сцена и продукција насочена кон конкретен пазарен производ и освојување на нови пазари, затоа што тоа нам ни недостига, и ние како “одговорни” сметаме дека треба да интервенираме. Тоа и го направивме во изминатите месеци низ низа на работилници и слични ангажмани, а сега останува на публиката сама да даде суд за квалитетот на новонастанатата дизајн сцена во Македонија. Она што со сигурност го знам е дека оваа дизајн генерација ќе не претстави во светски рамки и во иднина ќе се шири и надградува низ новите изданија на SDW.” – изјави Александар Велиновски, директор на Skopje Design Week.

Секој ден од 10.00 до 17.00 часот се сите работилници, предавања и други форми на научно - едукативна и практична наобразба. ( работилници за креативни претпријатија; експериментален дизајн на продукти; додадени вредности; презентации за трендови и дизајн на Европскиот пазар за мебел; работилница за бизнис прототипи; работилница за дизајн во комуникацијата; различни презентации на производи и нивно успешно позиционирање на пазарите; детски работилници; презентирање на Шведскиот дизајн... итн.) Во попладневниот дел од 17.00 до 20.00 е време за деловни контакти во опуштена атмосфера (чил - аут музика, кулинарски презентации, раздвижување во актуелното гастро ќоше и сл.), додека вечерната програма - позната како најдобрата забава во градот - е за сите, со најдобрите бендови од регионот.

Оваа година особено внимание е посветено е на музичкиот дел. Прекрасна е глетката од вечерните концерти или ди-џеј сетовите со стотици, некогаш и неколку илјади луѓе, додека сите изложби се сè уште отворени за разгледување до доцна во ноќта. Skopje Desgn Week се доживува како еден од најзначајните културни настани во Македонија. Пример за отворањето го одбравме неверојатниот бенд од Словенија - КАР ЧЕШ БЕНД, кој за сите што не го слушале ќе биде вистинско изненадување на енергија, музика, инспирација, а за оние кои го знаат, сигурно ќе сакаат да ги спојат двата елемента на естетика. На големо задоволство на публиката, влезот е слободен за сите содржини.

„Магичноста на просторот на Куршумли Ан кој веќе станува претесен за бројните содржини и активности што ги подготвивме и овој пат ќе помогне дизајните да ги видиме во најубаво светло. Водени од пристапот на учење низ работа креираме уникатен и современ концепт на саем како место за едукација, комуникација, заедничко креирање, споделување на искуства и градење на нови врски и контакти . Во таа насока годинава најмногу ќе ни помогне и непосредната инволвираност во различни нивоа од програмата на врвните дизајнери од една од водечките дизајн сили на денешницата – Швајцарија." - додаде Марта Наумовска - Грнарова, програмски директор на Skopje Design Week.

Сите информации за работилниците, како и за целокупната програма, можете да ги најдете на www.ministryofpleasure.net и на фејсбук https://www.facebook.com/skopjedesignweekoffical. 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная