21 јули / 3 август 2016 лето Господово
Русија се подготвува за одржување на овогодинешната есенска конференција за заштита на Христијаните во светот. Ова го изјави Министерот за надворешни работи на РФ, Сергеј Лавров, во интервју за сајтот на Кралското Православно Палестинско општество (КППО).
„Она што навистина мора да се признае е дека денес Христијаните на Блискиот Исток, пред сѐ во Сирија и Ирак, се соочуваат со сериозни гоненија. Нивната бројност во тие краишта значително се намали“, изјави Министерот.
Според неговите зборови, исходот на Христијаните од регионите каде што Христијанството се родило, „би било, се разбира, колосален удар врз целата историја на духовен план, не само во Светата Земја, туку и на целиот Блиски Исток. Затоа, заедно со КППО, нашите владини организации активно ги користат меѓународните организации за да се привлече внимание за решавање на овој акутен проблем“. Извор: Православие.ру
Извор: Бигорски манастир