логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Одговори на Вашите прашања

Прашање од Маријан:

 1.Дали е во ред постојано и на секаде низ државата да градиме нови храмови и манастири, а при тоа старите и веќе постоечки да ги забораваме и да ги оставаме да пропаднат на забот на времето и испустени и што како Православни можеме да преземеме околу тоа?
2. Ако може да добиеме повеќе информации за нашите поголеми цркви и манастири, нивната местоположба, историјат и полезност во смисла на светителот чие име го носи црквата или манастирот како и благодатта што ја има црквата или манастирот.
3. Дали треба за секоја молитва што треба да ја практикуваме да се побара благослов од духовник или благослов е потребен само за Исусовата молитва?
4. Пошто не можам да ја пронајдам молитвата при кадење со темјан ќе може ли да ми ја напишете?

Господ по молитвите на својата Пречиста Преблагословена Славна Владичица наша Богородица Дева Марија и на сите светии Ви даде долг живот, здравје, мудрост и сила и понатаму да продолжите со Вашата макотрпна и беспрекорна работа со давање на поуки и одговори на нашите прашања во поучувањето на правата вистина во верата за спасение на нас обичните и верници и Вас свештениците, та со тоа сите заедно да го наследиме Царството Небесно. Амин.

Одговор:

ар не знаете дека сте храмови на Светиот Дух? - не прашува св. ап. Павле. Точно, Човекот е создаден да биде храм на Светиот Дух, и каде ќе се најде достојно место, то ест, кај оној што излегол на олтарот на своето срце, таму ќе дојде Бог и живеалиште во него ќе направи. Значи пред се, треба да се трудиме да го градиме храмот Божји во нас, за да не заприлегаме на легендата за Немата црква. А откако ќе станеме достоен дом Христов, ќе научиме, ќе знаеме што е најдобро да Му принесеме. Точно е тоа дека храмовите што се градат треба да бидат полни, и дека акцентот пред се треба да се стави на духовниот подвиг и воцрковување на народот, а потоа на  надворешното украсување и доградување. Но, сепак мораме да бидеме внимателни и да се трудиме и на обата плана со надеж дека барем во иднина ќе бидат полни, и да не ја пропуштиме шансата да изградиме, да бидеме креатори и плодотворни, зашто во иднина можеби ќе нема можност за тоа. И ако нашите предци не размислувале на таков начин, и не граделе во слава на Бога, и ние денес немаше да ги имаме овие прекрасни манастири во кои се вложиле многу труд и пари од народот Божји, но и љубов и благодат и сила од Бога.
Така, да се надоврземе  за нашите цркви  и манастири, би можеле  да ги наброиме поглавните со нивните локации, а за подетално, има книга од професорот о. Александар Гиревски за манастирскиот туризам во Македонија, од каде доста подетално ќе се запознаете со духовната историја на манастирите. На пример: Св. Јован Бигорски - Дебар, Св. Георгиј Победоносец - Рајчица, Св. Димитриј - Марков Манастир во Скопје, Успение на Пресвета Богородица - Матка, Лесновски Манастир - Пробиштип, Елеуса и Водоча во Струмица, Св. Наум Охридски, Св. Георгиј Курбиново... и многу други.


- Благословот од духовниот отец е неизбежен за нашиот духовен напредок и тој мора да го следи нашиот духовен живот постојано и да знае во какви води влегуваме, особено во духовниот живот. Не дека е забрането човек да се помоли нешто надвор од молитвеното правило, но сепак духовникот најдобро е да биде известен за таквите работи.


- А молитвата за кадење гласи: Да воскресне Бог и да се распрснат Неговите напријатели, и нека бегаат од Неговото лице оние кои Го мразат. Нека исчезнат како што исчезнува димот, како што се топи восокот пред лицето на огнот; така нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бога и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат: Радувај се, Пречесен и Животворен Крсту Господов, Кој ги прогонуваш Ќаволите со силата на распнатиот на Тебе Господ наш Исус Христос, Кој слегол во пеколот и ја сотрел ѓаволската сила, и Кој Тебе, Крстот Свој Чесен, нам ни Те дарувал Тебе, а за прогонување на секаков противник. О, Пречесен и Животворен Крсту Господов, помагај ми секогаш со твојата света Владетелка, Дева Богородица, и со сите светии во вековите на вековите. Амин!
Ви благодариме на благословот, и продолжете да се молите за нас...+

Друго:

Одговори на Вашите прашања

Арх. Рафаил Карелин - Тајната на спасението (4)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная