логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Прашање од Елизабета:

Каде да најдам акатист за здравје на нечија душа?

Bogorodica.st.jpg

Одговор:

Акатистот е најпрво поздрав, радост и пофалба на Пресвета Богородица. Тој прв акатист кој се вика Благовештенски, е состав на непознат химник, настанал некаде кон крајот на шестиот или во почетокот на седмиот век. Прв пат неговата употреба е забележана за време на византискиот цар Ираклиј и патријархот Сергиј, кога Цариград бил под опсада на Авар и персискиот цар Херзеј, и со чудо Божјо по молитвите на Богородица е спасен од опсадата. И тогаш (8 август 626 г), сиот народ и пеел химна на /мајката Божја и Логосот, цела ноќ.

Од тогаш се именува и Акатист (неседален), и за време на неговото читање се стои. Со својата убавина и складност, акатистот на Пресвета Богородица послужил да се напишат и многу други акатисти посветени на другите Божји угодници, па така ние денеска имаме акатист речиси на секој светител.

Како одговор на вашето прашање кој акатист да се чита за здравје, би ви ги препорачале акатистите на светите бесребреници Козма и Дамјан, Пантелејмонј, св. Харалампиј,  св. ап. Лука,  кои и за време на својот живот со својата служба и Божја помош мнозина ги лекувале, и на св. Харалампиј и св. Наум Охридски кои се особено познати по лекуванјето на немоќните и душевно и телесно. Се разбира и секојдневниот акатист на Пресвета Богородица (Благовештенски) според кој се направени сите други. Фала Му на Бога, сега Акатистите ги има и со македонски превод во издание на манастирот посветен на св. Атанасиј Велики во Журче, а може да се набави од повеќе манастири и црковни продавници во Македонија. Господи помилуј!

 п.п/з.д.

Друго:



Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

05/01/2025 - недела

Божикен пост  (масло)

Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува.Природата светителке е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот...

Тропар на свети Наум  Охридски чудотворец 23 декември / 5 јануари 2025

Тропар на свети Наум Охридски чудотворец 23 декември / 5 јануари 2025

Прилепувајќи се кон Христа, си го оставил светот;плотта распнувајќи ја живееше по Духот, преблажен Науме.              Трудејќи се да се подвизуваш...

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 22 декември / 4 јануари 2025

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 22 декември / 4 јануари 2025

Господ Твојот Бог, о света Анастасио,тебе те пронајде како чист сад,преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот,раните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная