Прашање од Ивица:

Дали душите на упокоените се среќаваат на заедничко место после смртта или пак секоја душа има свое посебно престојувалиште пред општото воскресение. Со други зборови,  дали е душата осамена после смртта?


  rajskodrvo.jpg

Одговор:


Прашање кое е тесно поврзано со рајот и пеколот. Ќе го спомнеме примерот на св. Макариј Велики: Еднаш авва Макариј се шетал во пустината и здогледал некој череп. Штом го видел, иако не го познавал се помолил за него и черепот прозборел. Тој бил незнабожечки жрец и бил во пеколот. Сите биле завртени грб со грб и никој не можел да го види лицето на ближниот.

А кога некој ќе се помолел за нив тие успевале да се завртат и преку лицето на ближниот го гледале лицето на Христос и добивале голема утеха. Потоа му се заблагодарил и го замолил да се моли за него.

Човекот сета среќа ја има и доживува во Бога. Надвор од таа заедница тој секако ќе биде осамен. А доколку после смртта тој премине во живот и постојано заедничарење со Бога, тој никогаш нема да биде осамен туку преку Него ќе биде во заедница и со сите луѓе.

Господи, Исусе Христе, помилуј ги твоите чеда упокоени!

 

п.п/з.д.