Почитувани,
Македонската православна црковна општина „Св.вмч.Димитрија” од Аален на 30 Мај 2009 година, во соработка со Амбасадата на Република Македонија, а по повод празникот на Сесловенските учители и просветители, рамноапостолните отци, светите Кирил и Методиј, при одбележувањето на Денот на свети Методиј Солунски во градот Елванген, СР Германија упатува
П О К А Н А
До верниот народ, македонските православни црковни општини, дипломатско - конзуларните претставништва, друштва, клубови, медиуми, како и до сите пријатели на Македонската православна црква и нашата Татковина Република Македонија, за помасовно присуство во празнувањето на овој голем настан од животот на Македонската православна црква и историјата на македонскиот народ.
Свеченоста ќе се организира според следнава:
П Р О Г Р А М А
Сабота 30 МАЈ
11:00 часот богослужба за Свети Методиј Солунски во Базиликата на Marktplatz Елванген.
15:00 часот положување на венец пред плочата на свети Методиј
Пред присутните свечено обраќање ќе произнесат:
Градоначалникот на Елванген, господин Карл Хилсенбек, дипломатски претставници на Република Македонија, Република Бугарија, Република Чешка и Република Словачка, претставници на црковните општини.
Околу16:00 часот градските власти на Елванген приредуваат прием за учесниците во одбележувањето на денот на Свети Методиј.
Веднаш по завршувањето на програмата предвидена од градот Елванген, околу 16:30 часот, ќе се одржи СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР, во
Sechtahalle
Killinger Straße 17,
73479 Ellwangen – Röhlingen
каде ќе настапи Бендот Б А Л К А Н И К А
и естрадната пејачка ЈАСМИНА ГУЊОВА
како и Турнир во мал фудбал (5 + 1)
Заинтересираните екипи можат да се пријават кај господин Тони Неданов
на тел. 0049 7361 68 02 81 и e-Mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. najdocna do 29.Maj 2009